Соопштение до офицерите за заштита на личните податоци

Почитувани офицери за заштита на личните податоци,

По повод одбележувањето на „Денот за заштита на личните податоци 28 јануари“ Ве информираме дека Дирекцијата за заштита на личните податоци подготви нов Закон за заштита на личните податоци кој е усогласен со Општата регулатива за заштита на лични податоци на Европската Унија. 

Новиот закон,  предвидува поголеми права за физичките лица (субјектите на лични податоци), а поголеми одговорности и казни за оние кои ги обработуваат нивните лични податоци (контролорите). 

Со цел да можете поопширно да се запознаете со текстот на новиот предлог Закон за заштита на личните податоци, но и со објаснување на истиот содржано во Прирачникот за толкување на нацрт-законот, Ве информираме дека за истите можете да се најавите на следните линкови:

Воедно, можете да ги проверите и нашите едукативни видеа и водичи за заштита на личните податоци кои можете да ги искористите во Вашата работа.  

За секакви дополнителни прашања и информации Ви стоиме на располагање и се надеваме на идна соработка. 

Со почит, 

Дирекција за заштита на личните податоци

e-mail: info@privacy.mk

+389 2 3230-635