Соопштение до јавноста во врска со содржината на образецот на Изјавата на родителите во врска со МРП вакцината

Среда, Февруари 27, 2019

Поради доставени претставки од физички лица - родители по однос на содржината на образецот на Изјавата која задолжително треба да ја пополнат во врска со вакцинирање со МРП вакцина на нивните деца - ученици во основните училишта, а кое вакцинирање ќе се спроведува од страна на Превентивните тимови од Вакциналните пунктови при здравствени установи на Град Скопје, Дирекцијата за заштита на личните податоци Ве известува за преземените дејствија по однос на овој процес и тоа:

Дирекцијата согласно своите законски надлежности достави Укажување до Министерството за здравство во однос на овој процес на теренска вакцинација во основните училишта со дадени конкретни насоки кои активности треба да се преземат од страна на здравствените установи на територија на Град Скопје со цел усогласување со прописите за заштита на личните податоци односно доследно применување на прописите за заштита на личните податоци при спроведувањето на овој процес. Насоките се однесуваа пред се на:

  • содржината на образецот на Изјавата која основните училишта треба да ја достават на родителите, односно истата да се коригира во насока на давање согласност од страна на родителот на детето за вакцинирање со МРП вакцина, при што истата изјава не треба да содржи податоци за матичниот број на родителот и пополнетата изјава за согласност за вакцинирање со МРП вакцина да се доставува до Превентивните тимови од Вакциналните пунктови,

Оттука, до моментот на преземање на активности од страна на Министерството за здравство по однос на доставеното Укажување од страна на Дирекцијата, граѓаните - родителите во меѓувреме во насока на заштита на нивните лични податоци ги известуваме да ги преземат следните мерки:

  • во изјавата за давање согласност за вакцинирање на нивното дете со МРП вакцина да не го наведуваат нивниот матичен број,
  • пополнетата изјава да ја доставуваат до Превентивните тимови од Вакциналните пунктови при здравствени установи на Град Скопје, односно да преземат организациски мерки при доставување на истата со податоците, информациите содржани во изјавата да бидат запознаени само превентивните тимови кои го спроведуваат процесот на вакцинирање во училиштата.

Во тој контекст им посочуваме и на основните училишта при процесот на теренска вакцинација на деца - ученици во нивните училишта од страна на Превентивните тимови од Вакциналните пунктови при здравствени установи, најпрво да ги повикаат родителите на состанок, каде ќе ги информираат кога ќе се спроведува вакцинирање со МРП вакцина во училиштата, како и кои документи треба да се достават до Превентивните тимови од Вакциналните пунктови кои ќе го спроведуваат вакцинирањето со МРП вакцина во училиштата.