Средба со претставници на словенечкиот орган за заштита на лични податоци

На 20 и 21 јули 2017 инспекторите за заштита на личните податоци остварија средба со претставниците на словенечкиот орган за заштита на личните податоци во Љубљана. Посетата беше организирана во рамки ЕУ проектот “Поддршка за пристап до правото за заштита на лични податоци”. Во текот на средбата претставниците на двата органи споделија искуства од спроведените заеднички инспекциски надзори со други национални органи за заштита на личните податоци. Средбата се заокружи со дискусија за применетата методологија за спроведување на заеднички инспекциски надзори и со симулација на два случаи.