Трет состанок на „Инцијативата 20i7“

Во периодот од 26 до 28 мај, 2019 година, претставници на Дирекцијата за заштита на личните податоци учествуваа на третиот состанок на „Инцијативата 20i7“, кој се одржа во Будва, Црна Гора. На состанокот беа изнесени активностите на органите за заштита на личните податоци и разменети искуства за практична имплементација за прописите за заштита на личните податоци при што беше усвоена и заедничка изјава за јавноста.