Тркалезна маса ,,Улогата на граѓанското општество и локалната самоуправа во промоцијата на правото на заштита на личните податоци”

Среда, Јуни 21, 2017

Дирекцијата за заштита на личните податоци и ЕУ проектот “Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци” во насока на промоција на активноста бр.5.2 од Проектните задачи и прослава на 12-тиот роденден на ДЗЛП организираат Тркалезна маса на тема ,,Улогата на граѓанското општество и локалната самоуправа во промоцијата на правото на заштита на личните податоци”. Целта на настанот е да се иницираат активностите за зајакнување на соработката помеѓу општините и Невладините организации за подигнување на јавната свест за правото на заштита на лични податоци.

 

На настанот свое обраќање ќе имаат:

г-дин Горан Трајковски, директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци;

г-дин Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС;

 

Со панел презентации на настанот ќе се претстават:

г-ѓа Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС;

г-ѓа Дона Костуранова, претседател на Младински образовен форум;

г-ѓа Лилјана Пецова Илиеска, советник од Дирекцијата за заштита на лични податоци

 

Настанот ќе се одржи на 22 Јуни 2017 (четврток), во просториите на ЕУ Инфо Центарот (адреса: бул.„М. Х. Јасмин“ 52), со почеток во 13.00 часот. 

Агенда