Учество на 40-та меѓународна конференција за заштита на личните податоци и комисионери за приватност

Претставници на Дирекцијата за заштита на личните податоци учествуваа на 40-та меѓународна конференција за заштита на личните податоци и комисионери за приватност која се одржа од 22-26.10.2018 година.

Оваа конференција претставува најважен глобален форум за споделување на знаење, искуства и идеи на полето на заштита на личните податоци и заштита на приватноста.

Сите предвидени настани на 40-та  Меѓународна конференција за заштита на личните податоци и комисионери за приватност, за прв пат оваа година се одвиваа симултано во два различни града: Софија, Бугарија и Брисел, Белгија и истата беше насловена: Debating ethics: Dignity and respect in data driven life.

На дебатата во Софија беа опфатени следните теми:

  • Privacy and Human Dignity: Universal Values in a World Without Borders:

Modernised Convention 108 – the global legal framework on privacy and data protection;

  • Balancing Between Public Interest and Data Subject’s Rights;
  • Smart Solutions for Data Security and Accountability;
  • Digital Ethics in the Age of Global Communications and Virtual Reality;
  • Privacy Protection in the Financial Sector: Fintech Innovations and Traditional Banking;
  • Cyber Security Insurance – Building upon GDPR Compliance;
  • “Outsourcing Data” – Global Data Transfer and Cloud Services;
  • The First Five Months of GDPR organised by OneTrust.

Паралелно со дискусијата во Софија, преку конференциска врска беше овозможено следење на отворената сесија односно дебата во Брисел. Од страна на Бугарската Комисија за заштита наличните податоци дополнително беа организирани и следните дебати:

  • GDPR – Questions and Answers organised by Commission for Personal Data Protection;
  • EU Funded Projects as a Tool for Partnerships in Data Protection;
  • Drones: Ethics of a PlayStation Mentality, при што имаше и демонстрација на функционирањето на новата генерација на дронови.

Воедно, дел од програмата на конфернцијата беше и посетата на лабораторијата за вештачка интелигенција во Sofia Tech Park: Artificial Intelligence and CAD Systems Lab & Cyber Security Lab.