Јавна консултација на нацрт новата Комуникациска стратегија за период 2017-2022

Понеделник, Мај 29, 2017

Дирекцијата за заштита на личните податоци ја отвора оваа јавна консултација со јавноста по однос на нацрт верзијата на "Комуникациската стратегија 2017-2022".

Нацрт Комуникациската стратегијата е изготвена во рамките на проектот "Поддршка за пристап до правото на заштита на личните податоци EuropeAid /135668/IH/SER/MK  " со отворено учество на лидери и експерти од Дирекцијата за заштита на личните податоци и во тесна соработка со работната група за комуникациска стратегија на Дирекцијата, како и преку организираната фокус група со претставници од државните институции и невладиниот сектор. Главна цел на оваа јавна консултација е пошироко вклучување на сите релевантни државни органи, институции, организации од јавниот и приватниот сектор, НВО со цел подобрување на комуникацијата на ДЗЛП со јавноста.

Ве молиме сите забелешки, коментари, сугестии да ни ги испратите најдоцна до 09 јуни 2017 год. на е-маил: info@privacy.mk

Ви благодариме за одвоеното време за разгледување на документот.