Oбуки на тема: „Промоција на правото за заштита на личните податоци и правото за пристап до информации од јавен карактер“

ЕУ проектот “Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци”, започна со спроведување на обуки на тема: „Промоција на правото за заштита на личните податоци и правото за пристап до информации од јавен карактер“. На обуките ќе бидат поканети офицери за заштита на личните податоци и лица задолжени за слободен пристап до информации од јавен карактер од различни јавни институции и државни органи.

Досега, во рамките на оваа активност се одржаа две обуки од кои првата обука беше организирана на 27.04.2017, на која учествуваа претставници од областа на социјалната заштита и здравството од Скопје, Велес, Куманово и Тетово.

Втората обука се одржа на 18.05.2017 во Скопје, во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци. На обуката присуствуваа претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Министерството за информатичко општество и администрација, Државниот архив наРепублика Македонија, Државниот завод за статистика, Центарот за управување со кризи и Државниот управен инспекторат. Презентери на обуката беа домашни и меѓународни експерти од областа на двете човекови права.