Секој граѓанин има право да побара од контролорот кој води збирка на лични податоци дополнување, измена или бришење на неговите лични податоци, доколку истите се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со закон (член 14 од Законот за заштита на личните податоци).
За да го остварите ова право потребно е поднесете барање до контролорот. Не постои посебен образец како би требало да изгледа ова барање, но пожелно е покрај Вашите лични податоци точно да ги наведете и личните податоци кои сакате да ги дополните, измените или избришете, а кои ги води контролорот.
Секогаш чувајте копија од барањата кои ги поднесувате до контролорите, но и од одговорите кои сте ги добиле, како и целокупната кореспонденција со контролорот.
Во случај кога контролорот ќе утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише и во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето писмено да Ве извести.