Катче за офицерите за заштита на личните податоци

Катче за офицерите е платформа за размена на знаење и искуство и за поддршка при извршувањето на задачите на офицерите за заштита на личните податоци (ОЗЛП). 

 

Пристапот до Катчето за офицери ќе биде рестриктивен, само за ОЗЛП.

 

Ефикасен ОЗЛП може да биде само оној кој е добро информиран за прописите за заштита на личните податоци и за моменталниот напредок во оваа област.

 

ОЗЛП ќе имаат пристап до ажурирани документи кои се фокусирани на нивната улога и задачи. Документите ќе бидат дизајнирани на начин што ќе овозможи да се добие јасна претстава за оваа функција.

 

На ОЗЛП ќе им бидат достапни и стручна литература, брошури, презентации, видеа, кои ќе помогнат за зајакнување на свеста на вработените кај контролорот каде што е назначен ОЗЛП.

 

Катчето за офицери ќе содржи и секција посветена за актуелни настани (конференции, семинари, обуки и состаноци) на кои ќе може да присуствуваат ОЗЛП заради унапредување на своето знаење или заради обезбедување потребни алатки за извршување на задачите.  

 

Креирана е веб алатка за организирање на Е-форумПреку оваа алатка ОЗЛП ќе имаат можност навремено да бидат информирани за новините во областа на заштитата на личните податоци, а воедно ќе остваруваат континуирана меѓусебна комуникација. На е-форумот ќе бидат креирани нови теми за актуелни прашања, при што ОЗЛП ќе имаат можност меѓусебно да разменуваат мислења и искуства во врска со секоја конкретна тема.

Во изработка е и алатка за Е-конференции која ќе овозможи видео комуникација во еден правец, од ДЗЛП кон ОЗЛП, со можност за доставување прашања од страна на ОЗЛП во реално време. 

pages_from_prirachnik_web.jpgПрирачникот за ОЗЛП може да се преземе на следниот линк.