Понекогаш контролорите можат да обработуваат лични податоци без согласност на граѓаните.
Овие исклучоци се однесуваат на различни ситуации:
- извршување на договор во кој субјектот на лични податоци е договорна страна или на барање на субјектот на лични податоци, пред негово пристапување кон договорот;
- неопходно исполнување на законска обврска на контролорот;
- заради заштита на животот или физичкиот и морален интегритет на субјектот на лични податоци;
- извршување на работи од јавен интерес или на службено овластување на контролорот или на трето лице на кое му се откриени податоците;
- за заштита на безбедноста и одбраната на државата;
- заради превенција, откривање и гонење на сторители на кривични дела;
- заради заштита од повреда на етички правила на одредена професија;
- заради заштита на важни економски или финансиски интереси на државата и
- за историски и научни истражувања или статистички цели.
За обработка на посебните категории на лични податоци се предвидени посебни исклучоци утврдени во член 8 став 2 од Законот за заштита на личните податоци.
Обработка на личните податоци што се однесува на кривични дела, изречени казни и мерки на безбедност за извршени кривични дела може да врши само надлежниот државен орган во согласност со закон.