Како да си ја заштитам приватноста?

1. Кога посетуваш некоја веб страна не откривај ги своите лични податоци како на пример:

  • е-mail адресата;
  • податоците за приватниот живот;
  • контакт информации;
  • лозинката и ПИН бројот.

Твојот личен податок може да биде искористен за:

  • испраќање на спам-пораки;
  • злоупотреба на твојот личен профил;
  • влез во твојата банковна сметка.

1. Постави веб пребарувач и користи псевдоним, а не твоето вистинско име.

2. Не го користи основниот пребарувачот за преземање (спуштање) програми, инфо податоци итн.

2. „Чисти“ ја е-поштата

Кога:

  • Испраќаш порака на непозната страна;
  • Испраќаш порака во група за дискусии;
  • Четаш (зборуваш) во соба за четање; или
  • При објавување на веб страната.

1. Не ја користи твојата вистинска е-пошта. Отвори „посебна сметка“ или користи псевдоним адреса ( на пр. преку Yahoo).

2. Провери ја полисата за приватност на твојот провајдер на интернет (ISP - Internet service provider).

3. Користи ја опцијата за добивање пораки за колачиња (cookies) на веб пребарувачот и употребувај софтвер за управување со колачиња (cookies).

Колачињата (cookies) се мали делови на информацијата кои се зачувуваат на твојот компјутер и најчесто се користат за рекламни цели, но...(http://privacy.net/track/).

Колачињата (cookies) го следат („ловат“) твоето движење (додека сурфаш) на веб страната.

Користи ја опцијата за управување со колачиња (cookies) на твојот веб пребарувач. Исто така, можеш да си обезбедиш софтвер за управување со колачиња (cookies). Постојат повеќе такви софтвери (На пример: windowwasher, junkbusters, intermute...)

4. Не ја потценувај можноста дека си следен

Во зависност од националното законодавство помалку или повеќе е можно да бидеш следен што навистина правиш на Интернет, затоа:

  • не откривај ги јавно личните податоци;
  • не разговарај за чувствителни прашања;
  • не користи домашна банкарска лозинка и ПИН код на јавни места (На пример: Интернет кафе).

5. Не откривај ги јавно твоите лични податоци на непознати

Благодарение на неограничените можности на Интернет лесно можеш да запознаеш нови „пријатели“.

Сепак тие се далеку од тебе и ти не знаеш која им е вистинската намера. Можеби тие бараат „нова маска“ зад која ќе се кријат на Интернет, или бараат „нова“ е-пошта, или им требаат лични податоци кои јавно ќе ги објават на Интернет.

6. Биди внимателен на веб страниците кои нудат подароци, а за возврат бараат размена на лични податоци.

Ваквите веб страници најчесто собираат информации за рекламни цели, но тие може  да ги продаваат податоците на други, а овие пак на трети лица. Наскоро твојата е-пошта ќе биде преполна.

7. Никогаш не одговарај на спамерите

Најверојатно имаш слушнато за праќање е-пошта во голема количина (Bulk e-mail).

Не се труди да одговориш или да го замолиш испраќачот да те избрише од неговата листа.

Ова само би му потврдило дека твојата е-пошта е проверена и прочитана од вистинска личност и после ова ќе почнеш да добиваш многу повеќе е-пошта во голема количина (Bulk e-mail).

Исклучи ја опцијата за известување за враќање на е-поштата.

8. Биди информиран за веб сигурноста

Никогаш не го внесувај бројот на кредитната картичка, освен ако си сигурен дека твојата врска е безбедна. Провери дали веб адресите содржат „с“ (s) на крајот (https://, а не http://).

Твојот пребарувач ги открива податоците за твојата IP-адреса. Тоа можеш да го провериш на следната веб страна:

http://analyze.privacy.net/test.asp?RequestCookies=Privacy%20Analysis&Requestdate=10/30/2008&refer=http://network-tools.com/analyze/.

Контролирај ги „ програмите за шпиунирање” (spyware) кои се вклучени во разни игри, услужни програми итн.    

9. Запознај се со сигурноста на домашните компјутери

Ако си постојано приклучен на Интернет преку оптика, АДСЛ, кабловска итн.:

Исклучувај го компјутерот кога не го користиш, инаку ризикуваш насилно скенирање на твојот компјутер заради лозинката, DdoS напади, спам-пошта итн.;

Секогаш користи правилно конфигуриран firewall (огнен ѕид), антивирус софтвер, криптирање итн. (сите се достапни во слободна продажба);

Одржувај го твојот компјутер/таблет/мобилен телефон ажурирајќи го со последната верзија.