Kако контролор на лични податоци, давате лични податоци на користење на други лица, т.е. корисници на личните податоци (суд, адвокати, извршители и др.). Согласно Законот за заштита на личните податоци Вие сте должни пред да ги дадете личните податоци на користење на друг корисник да исполнети неколку услови:
Забрането е да давате лични податоци доколку не се исполнети горенаведените услови или доколку истите би се користеле спротивно на член 6 и член 8 став 2 од Законот за заштита на личните податоци.
Личните податоци можат да се користат само за време кое е неопходно за остварувањето на определената цел. По истекот на рокот, личните податоци мораат да се бришат, освен ако со закон поинаку не е уредено.
Ова не се однесува на оние лични податоци за кои имате законска обврска да ги доставувате (пр. до Управата за јавни приходи, Заводот за статистика и сл.).