Политика за квалитет на Дирекцијата за заштита на личните податоци

Политика за квалитет на Дирекцијата за заштита на личните податоци Преземи

МИСИЈА:  Мисијата на Дирекцијата за заштита на личните податоци се исполнува преку вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработување на личните податоци и нивната заштита во Република Македонија.

ВИЗИЈА:  Визијата на Дирекцијата е постапување според европските стандарди и критериуми, применувајќи современи информациски и комуникациски технологии и постапки, да обезбеди целосна  примена на прописите за заштита на лични податоци и поддршка на граѓаните на Република Македонија при остварувањето на правото на заштитата на личните податоци.

Дирекцијата за заштита на личните податоци во ноември 2014 година се здоби со признание за квалитетот во својата работа во однос на корисниците, партнерите и заинтересираните страни со воведување на Сертификат за управување со квалитет.