Дирекцијата за заштита на личните податоци објави листа на независни трети правни лица кои се усогласени со прописите за заштита на личните податоци и можат да вршат надворешна контрола кај контролорите на личните податоци.
Согласно одредбите од член 23 став 1 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр.7/05, 103/08, 124/10 и 135/11) и одредбите од член 25 од Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/09 и 158/10), контролорите на личните податоци задолжително подлежат на надворешна контрола со цел да се провери дали постапките и упатствата содржани во документацијата за техничките и организациските мерки се применуваат и се во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Надворешната контрола се врши преку обработка на документи од страна на трето независно правно лице.
За таа цел, Дирекцијата за заштита на личните податоци информира дека следните правни субјекти се усогласени со прописите за заштита на личните податоци и можат да вршат надворешна контрола:
Во однос на начинот и условите за вршење на надворешна контрола, директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци донесе и Упатство за начинот на вршење на надворешна контрола, кое заинтересираните правни лица можат да го погледнат на веб страницата на Дирекцијата за заштита на личните податоци на следниот линк.
Дирекцијата за заштита на личните податоци дополнително ќе го ажурира списокот на правни субјекти усогласени со прописите за заштита на личните податоци.