Настани

Со поддршка на инструментот ТАIEХ на Европската Комисија, претставници од Дирекцијата за заштита на личните податоци од 8 до 10 јануари 2014 година остварија студиска посета на Комисијата за заштита на лични податоци во Софија, Република Бугарија на тема: „Заеднички активности на органите за заштита на лични податоци – заеднички инспекциски надзор“.
Во периодот од 3 до 4 декември 2013 година, делегација  на  Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе учествува на деведесет и третиот состанок на Работната група 29, којшто ќе се одржи во Брисел, Белгија. Агенда
Заменик директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, г. Садикоски во деновите 5 - 8 ноември 2013 година ја претставува Дирекцијата за заштита на личните податоци на IV та Меѓународна конференција – “Меѓународната соработка како заштитник на приватноста во секоја земја” која се одржува во Москва, а во организација на Рускиот национален орган за заштита на личните податоци. На меѓународната конференција, заменик директорот Садикоски ќе ги презентира актуелните состојби во областа на...
На 25 октомври 2013 година во Дирекцијата за заштита на личните податоци гостуваше делегација од Косовската Агенција за заштита на личните податоци. Средбата имаше за цел натамошно продолжување на соработката и споделување на искуствата од развојот на двете институции. Особен интерес за колегите од Косово беше имплементираниот Софтвер за инспекциски надзор во Дирекцијата за заштита на личните податоци, како и перспективите кои ги има меѓународната соработка.
Од 15 - 18 октомври 2013 година, директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе учествува на 30от пленарен состанок на Консултативниот комитет на Конвенцијата за заштита на поединецот во однос на автоматската обработка на личните податоци – Конвенција 108 (T-PD) кој ќе се одржи во Стразбур, Франција. Агенда. Модернизација на Конвенцијата 108 нов предлог Повеќе
Од 2 - 3 октомври 2013 година, директорот на  Дирекцијата за заштита на личните податоци  ќе учествува на девеесет и вториот  состанок на Работната група 29 кој ќе се одржи во Брисел, Белгија. Агенда
На 2 – 3 октомври 2013 година, во Сараево, ќе се одржи 25та Работилница за заштита на лични податоци (Case Handling Workshop), на која ќе присуствува и претставник на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Програма
На 2 – 3 септември 2013 година, во Берлин, ќе се одржи 54от состанок на Меѓународната работна група за заштита на личните податоци во телекомуникациите, на која ќе присуствува и претставник на Дирекцијата за заштита на личните податоци.
Потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Дирекцијата за заштита на лични податоци и EC Council (Меѓународен Совет на консултанти за електронска трговија) произлезе како резултат од веќе утврдената потреба меѓу двата ентитета за проширување на обемот на соработка преку организација на обуки и едукација на поширок состав на субјекти во Дирекцијата, како и со цел размена на искуства и информации, најдобри прак
На 2.7.2013 година во Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа средба меѓу Директорот на ДЗЛП, г. Димитар Ѓеорѓиевски, и Амбасадорот на Р. Хрватска, Н.Е. г. Златко Крамариќ, која е по повод предлог - иницијативата на ДЗЛП за меѓусебна соработка и е прва од ваков вид.

Pages