Сите вести од ЕУ и пошироко

Усвоен Водич 4/2018 за акредитација на на телата за сертификација

20.05.2020 - 13:43
Европскиот одбор за заштита на личните податоци на 4 јуни 2019 година усвои Водич 4/2018 за акредитација на телата за сертификација согласно член 43 од Општата регулатива за заштита на личните податоци (2016/679) .

Усвоен Водич 1/2018 за сертификација и утврдување на критериуми за сертификација во согласност со членовите 42 и 43 од Регулативата 2016/679

20.05.2020 - 13:42
Европскиот одбор за заштита на личните податоци на 4 јуни 2019 година усвои Водич 1/2018 за сертификација и утврдување на критериуми за сертификација во согласност со членовите 42 и 43 од Регулативата 2016/679 .

Усвоен Водич за известување за нарушување на безбедноста на личните податоци според Регулатива 2016/679 (WP250)

20.05.2020 - 13:40
Работната група 29 на 6 февруари 2018 година ја усвои последната измена на Водичот за известување за нарушување на безбедноста на личните податоци според Регулатива 2016/679 .

Усвоен Водич за проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци (ПВЗЛП) и утврдување дали обработката „веројатно ќе резултира со висок ризик“ за целите на Регулативата 2016/679 (WP248)

20.05.2020 - 13:39
Работната група 29 на 4 октомври 2017 година усвои последни измени на Водичот за проценка на влијанието врз заштитата на личните податоци (ПВЗЛП) и утврдување дали обработката „веројатно ќе резултира со висок ризик“ за целите на Регулативата 2016/679 .

Усвоен Водич за идентификување на водечкиот надзорен орган на контролорот или обработувачот (WP244)

20.05.2020 - 13:38
Европскиот одбор за заштита на личните податоци на 5 април 2017 година ја усвои последната измена на Водичот за идентификување на водечкиот надзорен орган на контролорот или обработувачот .

Усвоена е Директивата за евиденција на имиња на патници

19.04.2016 - 10:35
На 14 април 2016 година, ЕП ја усвои Директивата за евиденција на имиња на патници (EU Passenger Name Record ( PNR) Directive) По долгиот процес на преговори усвојувањето на оваа Директива е одговор на заканите од тероризмот и организираниот криминал преку зајакната соработка во овие области и ефективна размена на разузнувачки податоци. http://www...

Усвоен реформскиот пакет за заштита на личните податоци

15.04.2016 - 15:01
Историско достигнување - Европскиот Парламент na 14.04.2016 година го усвои реформскиот пакет за заштита на личните податоци, претставен за прв пат во 2012 година! Измените имаат една главна цел: да ти се даде повеќе контрола над твоите лични податоци - прочитај тука како: http://europa.eu/!dR79yq ‪#‎eudatap

Пресуда на Европскиот суд за човекови права - случај Барбулеску против Романија

15.03.2016 - 08:58
Пресуда на Европскиот суд за човекови права Случај Барбулеску против Романија ( Barbulescu vs. Romania ) 12 јануари 2016 Европскиот суд за човекови права во случајот Барбулеску против Романија ја донесе следната пресуда: ПРОЦЕДУРА 1. Постапката е иницирана со жалба (бр. 61496/08) против Романија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата...

САД - Закон за судски надомест на штета

07.03.2016 - 14:07
На 24 февруари, претседателот Обама го потпиша Закон за судски надомест на штета со кој на Европските државјани им се дава право да ги тужат САД за незаконско откривање на лични податоци. Новото право е исто како она што им се нуди на жителите на САД, предвидено во рамките на законот за Приватност од 1974 година, со кој се регулира собирањето на...

Институциите на ЕУ постигнаа консензус за новиот пакет на ЕУ за заштита на податоците како резултат на трилогијата оддржана на 15-ти декември.

22.12.2015 - 15:59
Брисел, 21 декември 2015 година. Минатиот петок, комисијата LIBE, COREPER и Европската Комисија постигнаа договор за реформите во делот на заштита на податоците. Воедно, ова е и еден од последните чекори кон конечно усвојување овие текстови. Од почетокот на дискусиите поврзани со пакетот на реформи, работната група 29 (WP29) придонесе да се...

Постигнат е политички договор за европската Регулатива и Директива за заштита на личните податоци

18.12.2015 - 09:18
Во процесот на преговори помеѓу Советот на Европа, Европскиот парламент и Европската Комисија, на 15 декември 2015 година беше договорен т.н пакет за заштита на лични податоци составен од Директивата за заштита на личните податоци и Директивата за полиција. Истите беа изгласани на 17 декември 2015 година од страна на Европскиот парламент...

Европскиот суд на правдата за случајот MAXIMILIAN SCHREMS против Комисионерот за заштита на личните податоци

09.10.2015 - 09:28
Еден од најактуелните случаи во врска со заштитата на личните податоци, во последниот период, беше случајот на Maximilian Schrems против Ирскиот орган за заштита на личните податоци. Maximillian Schrems, кој е австриски граѓанин, станал корисник на социјалната мрежа Facebook од 2008-ма година. Исто како и во случајот на другите корисници на оваа...

Josseph Cannataci, нов специјален известувач за правото на приватност на ОН

23.09.2015 - 14:57
Во периодот од 15 јуни – 3 јули 2015 година, се одржа 29тата седница на Советот за човекови права. На оваа седница беше избран Специјалниот известувач за правото на приватност за ОН, господинот Josseph Cannataci, професор по право на Универзитетот во Гронинген, Холандија и раководител на секторот за Информациска политика и управување во Малта...

Прашања и одговори во врска со Рамковниот договор (“Umbrella agreement” за заштита на лични податоци на ЕУ и САД

22.09.2015 - 16:13
Преговорите за рамковниот договор за заштита на личните податоци на ЕУ и САД се завршени и договорот е потпишан. Што претставува рамковниот договор за заштита на личните податоци на ЕУ и САД? Рамковниот договор за заштита на личните податоци на ЕУ и САД ја дефинира рамката за заштита на личните податоци на високо ниво за соработка во...

Германски органи за заштита на податоци: Начелото за ограничувањата на целите (Purpose limitation) не смее да биде ослабено

01.09.2015 - 13:53
Германските органи за заштита на личните податоци тврдат дека начелото за ограничување на целите (purpose limitation) не смее да биде ослабенo со предложената нацрт - Регулатива за Заштита на податоците на ЕУ. Германските органи за заштита на личните податоци на 26ти август објавиле известување до медиумите, во кое тие се спротивставуваат на...

Новиот специјален Известувач за приватност на Обединети Нации

23.04.2015 - 10:41
На 26 март, Советот за човекови права на ОН издаде резолуција за воспоставување на специјалниот известувач на приватност - последниот чекор во коалицијата на Германија и Бразил, иницирана по Сноуден откритијата, да се донесе дискусијата за приватноста во дигиталната ера во рамки на Обединетите нации. Специјалниот известувач приклучи 25 позиции (...

Новата Политика на приватност на Facebook критикувана од Белгискиот чувар на податоците

06.03.2015 - 11:51
Комплицираната Политика на приватност на Facebook прави корисниците со потешкотии да ги контролираат своите податоци, - се вели во извештајот. Facebook е обвинет за прекршување на Европските закони за заштита на податоците, е напишано во извештајот изготвен од Белгискиот чувар на приватноста. Социјалната мрежа со нејзините сложени подесувања стави...

Pages