Сите вести од ДЗЛП

15.02.2018 - 13:16

Дирекцијата за заштита на личните податоци во соработка со ЕУ проектот „Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци“ го промовира видеото за правото на заштита на личните податоци и приватноста на младите

01.02.2018 - 12:15

На 28 јануари, Европската унија го прославува Европскиот ден за заштита на лични податоци. Истиот оваа година беше одбележан на 29 јануари, во организација на Дирекцијата за заштита на личните податоци и проектот: ,,Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци”, кога воедно и официјално беше затворен ЕУ проектот „Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци“.

31.01.2018 - 15:48

По повод Европскиот ден на заштита на личните податоци, Дирекцијата за заштита на личните податоци во соработка со ЕУ проектот „Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци“ промовира три едукативни видеа наменети за граѓаните, контролорите и офицерите за заштита на лични податоци.

30.01.2018 - 12:44

На 30.01.2018 година  во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа Обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци, наменета за претставници на ЈП ,,Службен весник на Р. Македонија“.

17.01.2018 - 16:00

На 17.01.2018 година (среда) во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа Обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци. На обуката присуствуваа претставници на контролори од различни области (образование,  трговија, детска заштита...).

13.12.2017 - 08:45

Дирекцијата за заштита на лични податоци објавува едукативно видео за правата на субјектите на лични податоци. Видеото е изработено во рамки на проектот “Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци”.

17.11.2017 - 13:35

Проектот “Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци” во соработка со Дирекцијата за заштита на лични податоци, на 16.11.2017, во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје, одржа настан за промоција на помошта на Европската унија кон подигнување на заштитата на личните податоци во Република Македонија.

16.10.2017 - 09:42

ЕУ проектот „Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци“ во насока на спроведување на активноста 4.2 од проектите задачи,  во соработка со Дирекцијата за заштита на лични податоци, организираше четири тркалезни маси за новиот предлог Закон за заштита на лични податоци.

Pages