Сите вести од ДЗЛП

01.06.2016 - 08:57

Дирекцијата за заштита на личните податоци организира обука за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци наменета за претставници на авторски агенции, а заради усогласување на работењето на авторските агенции со прописите за заштита на личните податоци.

01.06.2016 - 08:24

На 15.06.2016 година (среда) со почеток во 10.00 часот во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе се одржи: „Обука за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци“. Оваа обука е наменета за контролори од областа фармација.

01.06.2016 - 08:23

На 06.07.2016 година (среда) со почеток во 10.00 часот во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе се одржи: „Обука за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци“.

Вашите барања за обука можете да ги доставите на obuki@privacy.mk.

30.05.2016 - 12:26

На 26-27 Мај, 2016 година, во Будимпешта се одржа Пролетната конференција за заштита на личните податоци. Во рамките на конференцијата беа разработувани различни теми кои се тесно поврзани со подобрувањето на практичната соработка на меѓународните органи за заштита на личните податоци.

18.05.2016 - 09:55

На 18.05.2016 година (среда) во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа Обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци наменета претставници на контролори од областа фармација.

16.05.2016 - 14:00

На 16.05.2016 година во просториите на Министерството за одбрана на Република Македонија (Центар за обука „Д-р Џозеф Крузел“) се одржa Oбука за тајност и заштита на обработката на личните податоци, наменета за претставници на Министерството за одбрана на Република Македонија.

14.05.2016 - 12:25

На 11 – 12 Мај, 2016 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа 18та Меѓународна конференција на авторитетите за заштита на личните податоци од Централна и Источна Европа (Central and Eastern Europe Data Protection Authorities – CEEDPA).

05.05.2016 - 13:45

На 05.05.2016 година во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа Обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци, наменета за претставници на Клириншка куќа Клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС).

04.05.2016 - 14:38

На 04.05.2016 година во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа Обука за тајност и заштита на обработката на личните податоци. На обуката присуствуваа претставници на авто школи.

Pages