Марија Склодоска Кири

Претставници од Дирекцијата за заштита на лични податоци на 10 октомври одржаа ЧАС ПО ПРИВАТНОСТ во СУГС „Марија С. Кири“. На предлог на училиштето овој пат предавањето беше одржано на ученици од трета и четврта година од „Марија С. Кири“.

Учениците како и на другите предавања имаа можност да се запознаат со поимите личен податок, право на приватност, заштита на социјалните мрежи, ширење на говор на омраза, каде треба да пријават доколку се сомневаат на злоупотреба на личните податоци, за видео надзорот во училиштата, за нивните права, но и обврски за чување на своите, но и туѓите, лични податоци.

Во СУГС „Марија С. Кири“ имаше дилеми за кој може/кој не може да поднесе барање за отстранување фотографии на социјални мрежи. Воедно беше презентиран начинот за поднесување претставки до Дирекцијата. Он-лајн купувањето е исто така тема на дилема кај средношколците, безбедно купување на интернет. Говорот на омраза предизвика голем интерес кај дна средношколка – беше поставено прашање дали и кога треба да пријави кога ќе забележи дека невистинити и недолични информации и содржини се говорат јавно за истата.

Од страна на координаторите беше искажана голема потреба за нивна едукација и обучување за презентирање на содржини од областа на заштита на личните податоци и говор на омраза бидејќи се среќаваат со доста примери и прашања од нивните ученици. 

Од страна на партнерите на проектот,  претставник од Метаморфозис беше присутен на предавањето каде што беа посочени веб страни за дополнителни информации и содржини.

Во овие училиште беа одржани и средби со координаторите и беше дискутирано за планирање на активности во врска со дисеминација на знаење и содржини на повеќе целни групи. Воедно, беше покажан интерес и за подготовка на одредени видео материјал/презентации и активности.

И овојпат беа одредени инфо-катчиња во секое училиште, со дисеминација на брошури и информативни материјали.

(Галерија)