Панче Арсовски

Претставници од Дирекцијата за заштита на лични податоци на 24 ноември одржаа ЧАС ПО ПРИВАТНОСТ во среднoтo училишта СЕПУГС ” Панче Арсовски “ . На предлог на училиштето предавањето се одржа на ученици од прва и втора година.

Учениците, како и на другите предавања, имаа можност да се запознаат со поимите личен податок, право на приватност, заштита на социјалните мрежи, ширење на говор на омраза, каде треба да пријават доколку се сомневаат на злоупотреба на личните податоци, за видео надзорот во училиштата, за нивните права, но и обврски за чување на своите, но и туѓите, лични податоци.

Во СУГС ” Панче Арсовски“ учениците уште од самиот почеток покажаа заинтересираност и на големо изненадување на предавачот од Дирекцијата децата покажаа огромно познавање на материјата и поимите врзани за истата. Покрај фреквентните прашања од областа на социјалните мрежи, каде и кога може да се пријави преставка, беше поставено и прашање за матичниот број, каде и во кои услови е оправдана негова употреба.

Од страна на координаторите беше искажана голема потреба за нивна едукација и обучување за презентирање на содржини од областа на заштита на личните податоци и говор на омраза бидејќи се среќаваат со доста примери и прашања од нивните ученици. 

Во ова училиште беше одржана и средба со координаторите, каде беше дискутирано за планирање на активности во врска со дисеминација на знаење и содржини на повеќе целни групи.

Беше одредено инфо-катче со дисеминација на брошури и информативни материјали.

(Галерија)