Браќа Миладиновци

Претставници од Дирекцијата за заштита на лични податоци на 01 декември одржаа ЧАС ПО ПРИВАТНОСТ во средното училишта СУГС „Браќа Миладиновци“ на ученици од прва и втора година.

Учениците, како и на другите предавања, имаа можност да се запознаат со поимите личен податок, право на приватност, заштита на социјалните мрежи, ширење на говор на омраза, каде треба да пријават доколку се сомневаат на злоупотреба на личните податоци, за видео надзорот во училиштата, за нивните права, но и обврски за чување на своите, но и туѓите, лични податоци.

Во „Браќа Миладиновци“ на големо задоволство на предавачот од Дирекцијата учениците беа однапред добро информирани за тематиката на предавањето што придонесе до поголема ефикасност на часот. Кооординаторите од училештето веќе имаа оформено 5 тима кои опфаќаа ученици од сите години и смерови, кои преку најразлични активности поврзани со темата лични податоци и социјалните мрежи успеале да ги подготват учениците за претстојниот час.

Од страна на координаторите беше искажана голема потреба за нивна едукација и обучување за презентирање на содржини од областа на заштита на личните податоци и говор на омраза бидејќи се среќаваат со доста примери и прашања од нивните ученици. 

Во  училиштето беше одржана и средби со координаторите и беше дискутирано за планирање на активности во врска со дисеминација на знаење и содржини на повеќе целни групи.

И овојпат беа одредени инфо-катчиња во секое училиште, со дисеминација на брошури и информативни материјали. 

[Галерија]