Новата Политика на приватност на Facebook критикувана од Белгискиот чувар на податоците

Комплицираната Политика на приватност на Facebook прави корисниците со потешкотии да ги контролираат своите податоци, - се вели во извештајот.

Facebook е обвинет за прекршување на Европските закони за заштита на податоците, е напишано во извештајот изготвен од Белгискиот чувар на приватноста.

Социјалната мрежа со нејзините сложени подесувања стави голем товар врз корисниците, се вели во извештајот.

Исто така, вели, дека лугето не се доволно информирани за тоа како Facebook нивните податоци ги користи во рекламни кампањи.

На ова Facebook се огласи дека се убедени дека нивните политики и услови се во согласност со законите.

Комплицирани збирки

Извештајот беше изработен како реакција на најавата на Facebook дека ќе ја обнови нивната Политика на приватност како и одредбите и условите. Обновените одредби беа воведени од 30 Јануари.

Извештајот, изготвен од академици од Универзитетот од Леувен, вели дека измените не се „драстични“ туку е појаснето она што Facebook го правел до сега. Објаснувањето доведе  авторите на извештајот да заклучат дека Facebook „работел спротивно од Европските закони„  на тоа:

  • како ги собирал подаците од лугето
  • што е направено со податоците
  • како лугето се информирани за овие практики

Facebook имаше многу комплицирана збирка од подесувања која го отежнуваше процесот луѓето да донесат информирана одлука за обработката на нивните податоци, или пак да бидат сигурни дека не предаваат податоци кои тие сакаат да бидат приватни, се вели во извештајот.

Корисниците треба да имаат повеќе информации за тоа кои податоци се споделувани и кои организации можат да ги видат, се додава во извештајот.

На ова, Facebook, одговори дека новите обновени одредби и политики се многу појасни и концизни и дека ќе им помогнат на лугето да имаат „поголема“ контрола врз маркетингот.

Од Facebook велат дека Политиката на приватност и одредбите биле прегледани од Ирското надлежно тело за заштита на податоците, кои се погрижија и одредбите и политиката да бидат со согласност со проширените Европски закони за тоа како податоците се собирани и употребени во маркетингот.

„Ние сме уверени дека обновата е во согласност со законите,“ додаваат од Facebook

Извештајот доаѓа во време кога креаторите на Европските закони се борат со значителни обнови во режимот за заштита на податоците во регионот. Обновените закони се очекува да стапат во сила од 2017 па натаму.