Германски органи за заштита на податоци: Начелото за ограничувањата на целите (Purpose limitation) не смее да биде ослабено

Германските органи за заштита на личните податоци тврдат дека начелото за ограничување на целите (purpose limitation) не смее да биде ослабенo со предложената нацрт - Регулатива за  Заштита на податоците на ЕУ. Германските органи  за заштита на личните податоци на 26ти август објавиле известување до медиумите, во кое тие се спротивставуваат на предлозите на Европскиот Совет, кои се однесуваат на начелото за ограничување на целите, и велат дека таа позиција би била спротивна на Европската повелба на човекови права.

Советот предложил понатамошната обработка од страна на истиот контролор и за несоодветни цели за користење на личните податоци, врз основа на легитимните интереси на контролорот или на трето лице, да биде законска. Исто така, Советот предложил  специјален третман на обработката на податоци за статистички, историски или истражувачки цели.

Германските органи за заштита на личните податоци објавувуваат дека минимизацијата на податоците според принципот на неопходност (data minimization) би требало да биде едно од водечките принципи во оваа реформа – во ерата на Big Data, минимизацијата на податоците е поважна од било кога. Дополнително, Германците бараат задолжително назначување на офицери за заштита на податоците како за приватниот, така и за јавниот сектор, како и ограничување на профилирањето (limitations on profiling).