Josseph Cannataci, нов специјален известувач за правото на приватност на ОН

Во периодот од 15 јуни – 3 јули 2015 година, се одржа 29тата седница на Советот за човекови права. На оваа седница беше избран Специјалниот известувач за правото на приватност за ОН, господинот Josseph Cannataci, професор по право на Универзитетот во Гронинген, Холандија и раководител на секторот за Информациска политика и управување во Малта.

Овластувањата кои ги има новиот известувач се многу широки. Тие опфаќаат:

  • Систематски да ги прегледува владините политики и закони за пресретнување на дигиталните комуникации и собирање на лични податоци;
  • Да ги идентификува дејствата кои навлегуваат во приватноста на индивидуите без потребно одобрување;
  • Да им помогне на властите да развијат најдобри практики за да можат да овозможат видео надзорот да се прави според законските прописи;
  • Да ги дефинира одговорностите на приватниот сектор за почитување на човековите права;
  • Да помогне во напорите националните процедури и закони да станат конзистентни со меѓународните човекови права.

Назначувањето на Специјален известувач за приватноста на ОН се смета како многу важно бидејќи правото на приватност во дигиталната ера го става на исто рамниште со останатите човекови права. Иако Cannataci признава дека неговата работа е комплексна и дека не може да се реши со магично стапче, нагласува дека се дефинирани најмалку четири клучни области – вклучувајќи универзален закон за спроведување на видео надзор, справување со деловните модели на големите технолошки корпорации, дефинирање на приватноста и подигање на јавната свест во однос на прашањето за приватноста. Според Cannataci, состојбата со заштитата на приватноста на лицата е полоша и покомплексна отколку што се смета. Тој вели дека на светот му е потребен закон за Интернетот за да се обезбеди заштита на податоците и да се намали заканата од масивно дигитално набљудување.  

Josseph Cannataci  дојде на позицијата специјален известувач на ОН поради неговото професионално искуство во областа на човековите права и приватност (повеќе од 30 години). Неговата докторска дисертација е за Законот за заштита на личните податоци и приватност (1986), а покрај тоа има и бројни публикации во областа. Повеќе за неговото професионално искуство може да се најде на следниот линк.