Постигнат е политички договор за европската Регулатива и Директива за заштита на личните податоци

Во процесот на преговори помеѓу Советот на Европа, Европскиот парламент и Европската Комисија, на 15 декември 2015 година беше договорен т.н пакет за заштита на лични податоци составен од Директивата за заштита на личните податоци и Директивата за полиција. Истите беа изгласани на 17 декември 2015 година од страна на Европскиот парламент.

Усвојувањето на новата легислатива се смета за историски чекор до целосна хармонизација на правилата кои ги тангираат полицијата и органите за кривично прогонство во рамки на ЕУ. Овие правила, ќе се применуваат при соработката помеѓу земјите членки на ЕУ и трети земји при пренос и обработка на лични податоци, со цел постигнување поголем проток на информации без притоа да се загрозат основните човекови права на граѓаните на земјите членки на ЕУ.

Прочитајте повеќе ја следниот линк.