Институциите на ЕУ постигнаа консензус за новиот пакет на ЕУ за заштита на податоците како резултат на трилогијата оддржана на 15-ти декември.

Брисел, 21 декември 2015 година.

Минатиот петок, комисијата LIBE, COREPER и Европската Комисија постигнаа договор за реформите во делот на заштита на податоците. Воедно, ова е и еден од последните чекори кон конечно усвојување овие текстови.

Од почетокот на дискусиите поврзани со пакетот на реформи, работната група 29 (WP29) придонесе да се обезбеди унифицирано и високо ниво на заштита на податоците во ЕУ и во двата инструменти преку објавување на голем број на мислења и документи кои се однесуваат на трите преговарачки институции.

Работната група 29 ја поздрави оваа одлука како клучна за Европскиот кредибилитет и веќе отпочна да работи со цел да обезбеди непречен и конструктивен преоден период за сите заинтересирани страни, особено уште од првиот ден да отпочне со дејствување Европскиот Одбор за Заштита на податоци.

Основни информации

Работната група 29 за заштита на поединци во врска со обработката на личните податоци е независно советодавно тело за заштита на податоци и приватност, поставено под членот 29 од Директивата за заштита на податоци 95/46/ЕК. Таа е составена од претставници на националните органи на земјите – членки на ЕУ, Европскиот супервизор за заштита на личните податоци и Европската Комисија. Нејзините задачи се образложени во членот 30 од Директивата 95/46 ЕК и членот 15 од Директивата 2002/58/ЕК. Работната група 29 е надлежна да ги разгледува сите прашања кои што ја покриваат апликацијата на директивите за заштита на личните податоци, со цел да се придонесе за еднообразна примена на директивите. Работната група ја извршува оваа задача преку издавање на препораки, мислења и документи.

http://ec.europa.eu/justice/data-protection/index_en.htm