САД - Закон за судски надомест на штета

На 24 февруари, претседателот Обама го потпиша Закон за судски надомест на штета со кој на Европските државјани им се дава право да ги тужат САД за незаконско откривање на лични податоци. Новото право е исто како она што им се нуди на жителите на САД, предвидено во рамките на законот за Приватност од 1974 година, со кој се регулира собирањето на збирки, чување, користење, употреба и дистрибуција за индивидуални лица.

Вчера, Европската комисија издаде документација за ЕУ-САД штитот со кој се очекува да се создаде нов трансатлански договор за пренос на податоци. Во текот на преговорите за штитот за приватност, Европската унија изјави дека законот за судски надомест на штета претставува огромен гест за создавање на доверба.

Комесарот за правда на ЕУ ‘Vera Jourova’ изјави: „Го поздравувам потпишувањето на Законот за судски надомест на штета на претседателот Обама. Овој нов закон е историско достигнување во напорите да ја вратиме довербата во трансатланскиот тек на податоци “. Законот за судски надомест на штета ќе им обезбеди на сите граѓани на ЕУ право да ги спроведуваат своите права за заштита на податоци во судовите во САД како што беше потенцирано од страна на претседателот Juncker: Граѓаните на САД веќе ги уживаат овие права во Европа.

Усвојувањето на Законот за судски надомест значи дека САД и ЕУ конечно можат да го потпишат т.н. ‘Umbrella’ договор според кој се раководи преносот на податоци помеѓу двата региони, со цел соодветно спроведување на законот; истражување, откривање, гонење за кривични дела, вклучувајќи и тероризам, во рамките на полициска и судска соработка за криминални цели.

Повеќе информации за Законот на судски надомест на штета на САД можете да најдете на следниов линк: http://europa.eu/rapid/press-release_IP-16-433_en.htm.