Пресуда на Европскиот суд за човекови права - случај Барбулеску против Романија

Пресуда на Европскиот суд за човекови права

Случај Барбулеску против Романија

(Barbulescu vs. Romania)

12 јануари 2016

Европскиот суд за човекови права во случајот Барбулеску против Романија ја донесе следната пресуда:

ПРОЦЕДУРА

1. Постапката е иницирана со жалба (бр. 61496/08) против Романија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи од страна на романски државјанин, г-дин Богдан Михаи Барбулеску ("жалителот"), на 15. декември, 2008.

2. Жалителот беше застапуван од страна на г-дин Костинеску и Г-дин О. Јувердану, адвокати кои работат во Букурешт. Романската Влада беше застапувана од агентот при Министерството за надворешни работи, г-ѓа Брумар.

3. Жалителот навел дека одлуката на работодавачот да го раскине неговиот договор е заснована на повреда на неговото право на почитување на неговиот приватен живот и кореспонденцијата и дека домашните судови не го заштитиле неговото право.

4. На 18 декември 2012 година, пријавата беше доставена до Владата.

ФАКТИ

  1. ОКОЛНОСТИ НА ПРЕДМЕТОТ

Жалителот е роден 1979 година и живее во Букурешт.

Во периодот 01.08.2004 – 6.08.2007 беше вработен во приватна компанија („работодавачот“) како инженер задолжен за продажба. На барање на работодавачот тој креирал профил на  Yahoo messenger за исполнување на барањата на клиентите.

На 13 јули 2007 година, работодавачот го известил жалителот дека неговите комуникации биле следени во периодот 5-13 јули 2007 година и дека податоците покажуваат дека тој го користел интернетот за лични цели, спротивно на интерните акти. Подносителот на барањето писмено одговорил дека тој го користел Yahoo Messenger за професионални цели. Кога му биле претставени четириесет и пет страници препис на комуникациите жалителот го известил работодавачот дека, со следење на неговата кореспонденција, тој ќе одговара според Кривичниот законик. На пет страници се содржат преписки од разговорите кои жалителот ги имал со својата свршеница и неговиот брат за време на периодот кога комуникацијата е следена, а се поврзани со лични прашања. На 12 јули 2007 година жалителот разменил 5 пораки со својата свршеница кои не укажуваат на интимни информации.

На 1 август 2007 година работодавецот го прекинува договорот за вработување на жалителот за прекршување на интерните акти на компанијата во која е наведено, меѓу другото:

"Строго е забрането да се наруши редот и дисциплината во просториите на компанијата и особено ... да користат компјутери, фотокопири, телефон, телекс и телефакс машини за лични цели."

 Жалителот ја оспорил одлуката на неговиот работодавец пред Окружниот суд  во Букурешт. Тој се пожали дека оваа одлука била неоснована и неважечка, бидејќи, неговиот работодавец го прекршил правото на тајност на коресподенција загарантирана од страна на романскиот Устав и Кривичниот законик.

Во пресудата од 7 декември 2007 година, Окружниот суд ја одбил неговата жалба врз основа на тоа  дека работодавачот во согласност со постапката за разрешување предвидени со Законот за работни односи и истакнал дека жалителот бил уредно известен за прописите на работодавачот дека е забранета употреба на ресурсите на компанијата за лични цели. Пресудата на Окружниот суд вели, во нејзините дела:

  • Судот е на мислење дека следењето на комуникацијата на жалителот на Yahoo Messenger пораки од компјутер на компанијата... во текот на работното време - без оглед на тоа дали акциите на работодавачот биле или не биле незаконски  - не може да влијае на валидноста на дисциплинската постапка во конкретниот случај...

Сепак, со оглед на тоа дека жалителот тврди дека за време на дисциплинска постапка не го користел Yahoo Messenger за лични цели, туку за советување на клиентите за производите што се нудат од страна на работодавачот, судот утврди дека проверка на содржината на комуникациите биле единствениот метод за работодавачот да се провери дали жалителот ја преминал линијата.

Правото на работодавачот за следење на употребата на компјутери на компанијата на своите вработени на работното место е во рамките на широк опсег на правото да се провери начинот на кој се извршуваат работните задачи.

Се додека вниманието на вработените е сведено на фактот дека, не долго пред случајот, жалителот добил дисциплинска санкција, друг колега бил разрешен поради тоа што користи интернет, телефон и фотокопири за лични цели и бил предупреден дека нивната активност е под надзор (види забелешка бр. 2316 од 3 јули 2007 година дека жалителот го потпишаа ...) не може да се земе дека  работодавецот не бил транспарентен во однос на неговите активности за проверка на компјутерите на неговите вработени за утврдување на целите за кои истите се користат во тек на работното време.

Интернет на работното место мора да остане алатка на располагање на вработените. Таа е доделена од страна нa  работодавачот за професионална употреба и неспорно е дека работодавачот, врз основа на правото да ги следи активностите на вработените, има право да го следи начинот на кој истата се користи за приватни цели.

Некои од причините за правење проверки на работодавачот е можноста за оштетување на ИТ системите на компанијата, или да се вклучат во незаконски активности во име на компанијата, или открие трговски тајни на компанијата."

Жалителот поднел жалба против оваа пресуда. Тој тврди дека e-mail коресподенцијата е исто така,  заштитена со член 8 од Конвенцијата  бидејќи е во врска со "приватен живот" и "коресподенција". Тој исто така се жалеше дека од страна на Окружниот суд не му е дозволено да повика сведоци за да се докаже дека работодавачот не претрпел никаква штета како резултат на своите постапки.

Во конечната одлука од 17 јуни 2008 година, Апелациониот суд во Букурешт ја одбил неговата жалба и ја потврдил изречената пресуда од страна на Окружниот суд. Потпирајќи се на Директивата 95/46 / EC на ЕУ, Апелациониот суд одлучил дека однесувањето на работодавачот било разумно и дека следењето на комуникациите на жалителот бил единствениот метод за утврдување дали имало дисциплинска повреда. Во однос на своите процесни права, Апелациониот суд ги отфрли аргументите на жалителот, во која се наведува дека доказите  поднесени пред тоа биле доволни. Одлуката на Апелациониот суд гласи, цитирајќи релевантни делови:

"Со оглед на фактот дека работодавачот има право и обврска да обезбеди функционирање на компанијата и, за таа цел, има право да го провери начинот на кој вработените ги извршуваат нивните професионални задачи, како и на фактот дека работодавачот има моќ за  дисциплинска постапка, со која може легитимно да располага и со тоа има право да ја следи и транскрипцијата на комуникациите на Yahoo Messenger за кои вработениот негираше дека ги користел за лични цели, откако беше, заедно со други колеги, предупреден против користење на ресурсите на компанијата за лични цели, тоа не може да се смета за повреда на неговата кореспонденција (violarea secretului corespondenţei) и дека  единствениот начин да се постигне оваа легитимна цел и соодветна рамнотежа помеѓу потребата за заштита на приватниот живот и на правото на работодавачот да се осигури дека нормалното функционирање на компанијата не е нарушено.

  1. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО

Романскиот Устав го гарантира правото на заштита на личниот, приватниот и семејниот живот (член 26), како и приватната кореспонденцијата (член 28).

Член 195 од Кривичниот законик предвидува дека:

"Секој кој незаконски отвора туѓа преписка туѓи разговори или комуникација по телефон, по телеграфски пат или на некој друг начин на пренос на далечина ќе подлежи на казна затвор од шест месеци до три години."

Законот за работни односи кој е во сила во времето на настаните предвидени во Член 40 (1)(д) дека работодавачот има право да го следи начинот на кој вработените ги извршуваат своите професионални задачи. Член 40 (2) и предвидува дека работодавачот има обврска да ја гарантира доверливоста на личните податоци на вработените.

Закон бр. 677/2001 за заштита на поединци во однос на обработката на личните податоци и слободното движење на личните податоци ("Законот бр. 677/2001 ") се однесува на одредбите од Директивата 95/46 / EC на ЕУ (види став 18 подолу). Таа ги дефинира "личните податоци", како "сите податоци со кои може да се идентификува еден поединец "(член 3 (а)). Таа обезбедува дека податоците може да се обработуваат само ако лицето се согласило на тоа , или кога е јасно нагласено дека не е потребна согласност. Исклучоците се однесуваат, меѓудруги ситуации, до завршување на договорот на поединецот  и за обезбедување на легитимните интереси на субјектот на податоците (Член 5 (2) (a и e)). Тој исто така предвидува дека при обработка на податоци, јавните органи имаат обврска за заштита интимниот, приватниот и семејниот живот на поединецот (член 5 (3)). И на крај, секој кој претрпел повреда како резултат на незаконска обработка на неговите / нејзините лични податоци може да побара обештетување од судовите (член 18 (2)).

  1. РЕЛЕВАНТНО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО
  1. Инструменти на Советот на Европа

Европската Конвенција за заштита на поединци со осврт на автоматската обработка на лични податоци од 1981 ( „Конвенцијата за заштита на лични податоци“) ги дефинира личните податоци како „секоја информација кој се поврзува со идентификувана личност„ . Конвенцијата предвидува, меѓу другото, како што следува:

Член 2 - Дефиниции

"За целите на оваа Конвенција:

(...)

 (в) "автоматска обработка" ги опфаќа следниве операции доколку таа се извршува целосно или делумно автоматски: чување на податоци, спроведување на логички и / или

аритметички операции на тие податоци, замена, бришење, пронаоѓање или дисеминација ... "

Член 3 - Предмет

"(1) Страните се обврзуваат да ја применува оваа Конвенција за автоматизирани лични податоци и датотеки и автоматска обработка на лични податоци во јавниот и приватниот сектор. "(...)

Член 5 - Квалитет на податоци

"Лични податоци кои се подложени на автоматска обработка ќе бидат:

(а) добиени и обработени праведно и законски;

(б) се чуваат за наведената и легитимна цел и не се користат на начин компатибилен со овие цели;

(в) соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се чуваат;

(г) точни и, кога е потребно, да се ажурираат;

(д) да се чува во форма која овозможува идентификација на субјектот на податоците за во период кој не е подолг од она што е потребно за целите за кои се чуваат тие податоци. "

(...)

Член 8 - Дополнителна заштита за субјектот на лични податоци

"На секое лице ќе му се овозможи:

(а) да се утврди постоењето на автоматизирана датотека на лични податоци, нејзините главни цели, како и за идентитетот и за постојано место на живеење или главно седиште на контролорот на досието;

(б) да се добие во разумни интервали и без прекумерно одлагање или потврда за тоа дали личните податоци што се однесуваат на него се чуваат во автоматска датотека со податоци, како и комуникација со него на тие податоци, во разбирлива форма (...) "

Б. Инструментина Европската Унија

Директивата 95/46 / ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот на Европската унија на 24 октомври 1995 година за заштита на поединците во однос на обработката на личните податоци и за слободното движење на тие податоци обезбедува дека предмет на националните закони во оваа област е особено заштита на правото на приватност согласно член 8 од Конвенцијата и општите принципи на правото на ЕУ. Директивата ги дефинира личните податоци како "секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува" (член 2 (а)) и бара  во земјите-членки да се забрани обработката на личните податоци што се однесуваат, меѓу другото, на "здравствената состојба или сексуалниот живот" ( Член 8 (1)).

Работна група за заштита на личните податоци е основана во согласност со член 29 од Директивата, со цел да се испита прашањето на надзорот на електронските комуникации на работното место и да се оценат импликациите на заштита на податоци за вработените и работодавците. Тоа е независно советодавно тело на ЕУ. Работната група во септември 2001 година издаде мислење 8/2001 за обработка на личните податоци во контекст на вработувањето, која ги сумира основните принципи за заштита на податоците: конечност, транспарентност, легитимност, пропорционалност, прецизност, сигурност и свеста на вработените. Во поглед на следењето на вработените, како што се наведува дека тоа треба да биде:

"Пропорционален одговор од страна на работодавачот на ризиците со кои се соочува, земајќи ги предвид приватноста и другите легитимни интереси на работниците".

Во мај 2002 година, Работната група произведе "Работен документ за надзор и следење на електронските комуникации на работното место. Овој работен документ тврди било каква оправданост на работодавачот да врши следење на комуникацијата на вработениот не смее да ја нарушува приватноста на работниците. Во документот се укажува на тоа дека секоја мерка за следење мора да се тестира дали ги исполнува принципите: транспарентност, неопходност, праведност и пропорционалност.

Од техничка гледна точка,  работниот документ покажува дека:

"Брзи информации лесно може да се доставуваат од страна на софтвер како што се предупредувачки прозорци, кои се појавуваат и го известуваат работникот дека системот е откриен и / или да се преземат чекори за да се спречи неовластено користење на мрежата."

Поконкретно, во однос на прашањето за пристап до e-mail на работникот, на работниот документ стои дека:

"Отворањето на e-mail на работникот може да биде неопходно поради други причини освен мониторинг или надзор, на пример, со цел да се задржи преписка во случај работникот да е надвор од канцеларија (на пример, поради болест или да си замине) и преписката не може да се гарантира на друг начин (на пример преку autoreply или автоматско пренасочување). "

ЗАКОНОТ

I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 8 ОД КОНВЕНЦИЈАТА

Жалителот се жалел дека одлуката на неговиот работодавец да го раскине договорот му била заснована на повреда на неговото право на почитување на неговиот приватен живот и писмата и дека домашните судови не успеале да ги заштитат неговите права; тој се повикал на член 8 од Конвенцијата, кој гласи:

"1. Секој има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот и коресподенцијата.

Нема да постои никакво мешање од страна на јавната власт при остварувањето на ова право, освен ако тоа е во согласност со закон и е неопходно во едно демократско општество во интерес на националната безбедност, јавната сигурност или економската благосостојба на земјата, за спречување на нереди и злосторства, заштитата на здравјето и моралот или за заштита на правата и слободите на другите. "

Поднесоци на странките

  1. Владата се произнесе дека членот 8 од Конвенцијата не е применлив во конкретниот случај. Тие истакнаа дека жалителот ја отворил Yahoo Messenger сметката за професионална употреба и понатаму тврдел дека тој ја користи само за таа цел; Владата заклучи дека жалителот не повикува на "очекување за приватност", а во исто време негираа каква било приватна употреба.

Понатаму изјавија дека голем број на членки на Советот на Европа бараат потврда на приватниот карактер на комуникација за која беше побарана заштита на приватноста; тие се потпираат, меѓу другото, на прецеденото право на Францускиот суд за касација, кој смета дека коресподенцијата испратена од страна на вработените со средства кои му се на располагање од страна на работодавачот треба да има професионален карактер и да биде достапна на работодавачот доколку истата не е експлицитно идентификувана како приватна.

  1. Имајќи ги предвид разликите помеѓу e-mail и инстант пораките (вториот го нема полето Subject), Владата наведува дека тврдењето за приватен карактер на комуникацијата е од суштинско значење за тоа да падне во рамките на опсегот на член 8. Така, таа истакнува дека  на жалителот му била дадена можност да  потврди дека  употребата на Yahoo Messenger била  барем делумно приватна,  на што тој јасно нагласува дека комуникацијата била строго професионална и во име на работодавачот.
  2. Владата наведува дека жалителот добил претходна напомена дека работодавачот може да ја следи неговата комуникација; тие се осврнуваат на предупредувањето на работодавачот од 3 јули 2007 и на констатациите на Окружниот суд кои жалителот ги нема наведено претходно во неговата жалба. Не е поднесена копија на предупредувањето.
  3. На крај, Владата посочува дека овој случај е различен споредено со случаите Halford vs. the United Kingdom (23 јуни 1997, случај кога дел од канцеларијата беше пренаменета за лична употреба на вработениот) и Copland vs. the United Kingdom бр. 62617/00 каде претходно е дозволено користење за лични цели  како и видео надзор кој има за цел да одреди дали апликантот извршил „прекумерна употреба“ на просторот; во сегашниот случај компанијата забранува било каква употреба на нејзините средства, вклучувајќи ги овде компјутерите и Интернетот.
  4. Жалителот ги оспори поднесоците на Владата и тврдеше дека неговите комуникации на Yahoo Messenger имале приватен карактер и затоа потпаѓаат на доменот на членот 8 од Конвенцијата. Осврнувајќи се на позитивните обврски на државата во согласност со член 8, тој смета дека оваа одредба се применува во врска со неуспехот на романската држава да ја заштити неговата приватност од мешањето на неговиот работодавач. Тој посочи дека тој постојано го покренувал овој аргумент пред домашните органи.
  5. Според мислењето на жалителот, не може да се оспори дека податоците со кои располага неговиот работодавец се сметаат за "лични податоци" и "чувствителни лични податоци", согласно Законот бр. 677/2001 и ЕУ Директивата 95/46 / ЕК; информациите се поврзуваат со одредени лица (жалителот, неговата свршеница и неговиот брат) и истите  засегнуваат чувствителни прашања (како што се здравјето и сексуалниот живот на жалителот). Подносителот на барањето не објасни зошто тој го користел Yahoo Messenger за лични цели, но посочи дека во тоа време цените за мобилни разговори биле многу високи и дека барањата за неговите професионални услуги, како инженер за продажба на опрема за греење, биле многу ниски во јули 2007 година.
  6. Жалителот исто така наведува дека неговиот работодавач пристапил кон неговиот личен Yahoo Messenger профил, кој има различен ИД од оној за службени цели. Всушност, преписот на неговата комуникација бил дистрибуиран и до неговите колеги кои подоцна го коментирале истиот.
  7. Потпирајќи се на случајот Niemietz v. Germany (16-ти декември 1992 година, Серија А бр. 251-B), жалителот тврди дека негирањето на заштита на член 8, со образложение дека оспорените мерки се однесуваат само на професионалните активности може да доведе до нееднаквост во третманот на заштита кој ќе биде достапен само за лицата чии професионални и непрофесионални активностите се толку испреплетени што тие не можат да се разликуваат. Во врска со случајот на Чапел v. The UnitedKingdom (30-ти март 1989 година, Серија А бр. 152-А), тој тврди дека судот не ја исклучува примената на членот 8 од Конвенцијата, во случај на претресот на деловни простории.
  8. Жалителот инсистирал дека софтверот Yahoo Messenger е по својата природа наменет за лична употреба и дека природата на услугата за праќање инстант пораки го навела на мислење дека целата конверзација што ја води ќе биде приватна. Дополнително, на тоа го навело и инсистирањето на работодавецот за тој самиот да си ја избере лозинката. Тој негира дека добил било какво претходно предупредување од работодавецот дека неговата конверзација ќе биде следена Доколку не се очекува приватноста, тој би се воздржал од откривање на интимни информации. Тој ја чувствуваше увери од страна на работодавачот му наложи да го заштити својот профил на членот Yahoo Messenger со избирање на својата лозинка. Тој одбива да се даде соодветна претходно известување за следење на неговиот работодавец; тој тврдеше дека општата забрана во интерните акти на работодавачот не може да изнесува претходно известување за следење. Тој верува дека известувањето од 3 јули 2007 година неможе да се земе како релевантен доказ бидејќи никаде не содржи потпис на работодавачот.
  9. Жалителот ги наведува како лажни тврдењата на Владата дека порано признал дека го употребувал сервисот за свои лични цели, факт е дека вистинска употреба на услугата за инстант пораки за лични цели останува неприкосновена. Тој заклучува дека правото на вработениот да заснова и развие лична врска во текот на работното време не може да биде загрозена со дискреционо право или лична одлука на работодавачот

Поднесоци на судот

  1. Судот доследно смета дека поимот на приватен живот е широк концепт (види, EB v. France [GC], бр. 43546/02, § 43, 22 јануари 2008 година, а Бохлен v. Germany, бр. 53495/09 , § 45, 19 февруари 2015 година). Тоа ги опфаќа, на пример, правото на воспоставување и градење врски со други човечки суштества, како и правото на идентитет и личен развој (Niemietz, наведена погоре, § 29, и ФернандезМартинез v. Spain [GC], бр. 56030/07 , § 126, ECHR 2014 (извадоци)). Екстензивно толкување на  член 8 не значи, сепак, дека тој ја штити секоја активност во која лицето би сакало да се ангажира заедно со други луѓе со цел да се воспостават било какви односи. На пример, членот не ги штити меѓучовечките односи до степен на нераспознавање и непостоење на разбирлива директна врска помеѓу дејствувањето/недејствувањето на Државата и приватниот живот на поединците ( види, Bottav.s Italy, 24 февруари 1998, Извештаи на пресуди и одлуки 1998-I).
  2. Согласно судскиот случај, телефонските повици од канцеларија се на прв поглед покриени  со одредбите за „приватен живот“ и „коресподенција“ од член 8 став 1( види  Halford, став 44 и Aman v. Switzwerlandбр.27798/95 , став 43, ЕСЧП 2000-II). Судот понатаму наведува дека  мејловите пратени од работното место треба да се заштитат на сличен начин согласно член 8, како и информациите кои произлегуваат од следење на користење на Интернетот. (види Copland, став 41)
  3. Во отсуство на предупредување дека нечии повици ќе подлежат на мониторинг, жалителот  има разбирливи очекувања во однос на приватноста на повиците направени од телефонот на работното место ( види Halford , став 45) и истото треба да се имплицира и во однос на користење на маилот или Интернет воопшто ( види Copland став 41 ). Во случај кога работното место на жалителот во обвинителството подлежело на истрага и некои од неговите лични предмети биле запленети, (Peev v.s Bulgaria , br. 64209/01, 26 јули2007 ), Судот одредил дека истрагата добила димензија на мешање во приватниот живот на жалителот, Судот наведува дека жалителот има разбирливи очекувања за приватност врз негоите лични предмети кои се наоѓаат во канцеларија. Судот понатаму додава дека:

...таква постапка е присутна во вообичаените односи на релација работодавач-работник и не постои ништо во конкретните околности на случајот - како пропис или декларирана политика на работодавецот која ги обесхрабрува вработените од чување  лични документи во своите канцеларии - да укажува на тоа дека очекувањата на жалителот е неоправдано или неразумно ".

  1. Следува дека случајот е различен, како што е предложено од страна на Владата, од случаите Halford и Copland (цитиран погоре), во кој лична употреба на службените телефони е дозволено или, во најмала рака, се толерира. Случајот, исто така, се разликува од случајот Peev (цитиран погоре), во кој правилата на работодавецот забрануваат на вработените да чуваат лични предмети на своето работно место.
  2. Судот забележува дека жалителот одбрал да ја поднесе неговата жалба пред домашните судови согласно член 8 од Конвенцијата во рамките на постапката на трудовото право. Главниот предмет на неговиот случај пред домашните судови во принцип е неговото отпуштање. Фактот дека неговото отпуштање произлегува од повреда на неговото право на почитување на неговиот приватен живот беше аргумент што тој го користи со цел да се докаже поништување на одлуката на работодавачот.
  3. Од ова произлегува дека предметот на жалба пред Судот е ограничен на следење на комуникациите во рамките на дисциплинска постапка; одлуката на работодавачот да го раскине договорот на жалителот не е врз основа на вистинската содржина на неговата комуникација, ниту на фактот за нивното евентуално откривање. Во оваа смисла, Судот забележува дека жалителот не тврди дека тој немал на располагање друга форма за претставување на овие аргументи одвоено пред домашните судови. Домашното законодавство кое било на сила во време на настаните, предвидува и  други правни лекови наменети првенствено за заштита на приватниот живот (како што е кривична пријава врз основа на член 195 од Кривичниот законик или жалба врз основа на член 18 (2) од Законот бр. 677 / 2001 година; види ставови 14 и 16 погоре), а жалителот не навел дека истите биле неефикасни.
  4. Според тоа, Судот мора да утврди дали, со оглед на општата забрана изречена од страна на работодавачот,  очекувањата на жалителот за почитување на приватноста на неговата конверзација се реални. Во оваа смисла, Судот донесе известување дека Конвенцијата за заштита на податоци поставува јасни начела кои важат за автоматска обработка на податоци со цел да им овозможи на поединците утврдување на  постоењето на автоматска датотека на лични податоци и нивните главни цели (види член 5 и член 8 од Конвенцијата за заштита на податоците во став 17 погоре). Релевантните закони на  ЕУ се движат во иста насока, особено во областа на следење на електронските комуникации на работното место (види ставови 18, 19 и 20 погоре).
  5. Во конкретниот случај, Судот забележува дека елементите во досието не се доволни за давање директен одговор. Всушност, странките спорат околу тоа дали на жалителот му била дадена претходна најава дека неговата комуникација може да биде следена и  дека содржината од истата понатаму може да биде предмет на разгледување. Владата тврдеше дека жалителот добил соодветна претходна најава дека неговиот работодавец може да ја следи неговата комуникација (види став 27 погоре), но жалителот негираше дека добил таква претходна најава (види став 33 погоре). Судот забележува дека Владата не обезбеди потпишан примерок од известувањето од 3 јули 2007 (види став 27 погоре) на работодавачот и дека примерокот доставен од жалителот не содржи никаков потпис. (види став 33 погоре).
  6. Судот придава важност на фактот дека работодавачот пристапил до Yahoo Messenger профилот на жалителот и дека преписот од неговата комуникација бил користен како доказ во судската постапка пред домашните судови. Тој исто така забележува дека, според поднесоците на жалителот,  Владата не спори експлицитно дека содржината на комуникациите со свршеницата и братот на жалителот се исклучиво приватни и во врска со, меѓу другото, многу интимни теми како што се здравјето на жалителот и неговиот сексуален живот (види ставови 7 и 30 погоре). Ова е во прилог на тврдењето на жалителите дека неговиот работодавач пристапил и кон неговата лична сметка на Yahoo Messenger (види ставови 7 и 31 погоре).
  7. Имајќи ги предвид овие околности, а особено фактот дека е пристапено до содржината на комуникациите на жалителот и дека преписка од комуникацијата е понатаму користена како доказ во постапката пред судовите за работни односи, Судот е задоволен  од тоа дека „приватниот живот” и „коресподенцијата“во рамки на член 8 § 1 биле засегнати од овие мерки (mutatis mutandis, Köpke v. Germany (dec.), бр. 420/07, 5 октомври 2010 година). Оттука, судот наоѓа дека членот 8 § 1 е применлив во конкретниот случај.
  8. Судот понатаму забележува дека жалбата на судовите за работни односи неоснована во смисла на член 35 § 3 (а) од Конвенцијата и дека не е недопустлива по било кој друг основ. Затоа истата мора да се прогласи за прифатлива.

Б.Основаност

1. Поднесоци на странките

Жалителот зазеде став дека имало мешање во неговиот приватен живот и кореспонденцијата во рамките на значењето на член 8 од Конвенцијата, и дека ова вмешување не било оправдано според вториот став од член 8. Тој посочи дека ова мешање не било во согласност со законот, како и важечката законска регулатива, односно законот за работни односи, немал доволно предвидливост. Во врска со ова, тој тврди дека ставовите на Судот во случај на Oleksandr Волков v. Ukraine (бр. 21722/11, ECHR 2013) се применуваат во овој случај. Тој истакна дека ниту Законот за работни односи, ниту Законот бр. 677/2001  не предвидуваат процедурални заштитни мерки во однос на следење на електронските комуникации на вработениот.

Тој понатаму тврди дека вмешувањето не било пропорционално со легитимната цел. Тој ги отфрли наодите на домашните судови дека неговиот работодавец немал друг избор освен да ги прегледа неговите комуникации, и се пожали на тоа дека не биле побарани алтернативни начини за постигнување на истата цел без притоа да се прекршат фундаменталните човекови права за време на исполнувањето на истата цел. Тој исто така споменува дека тој имал затегнати односи со својот работодавач и  посочил други случаеви во кои согласно Законот за работни односи Судот пресудил во негова корист.

Владата тврдеше дека државните органи ги исполниле обврските од членот 8 од Конвенцијата. Тие изјавија дека широк спектар на пристапи постоеле меѓу земјите-членки на Советот на Европа, во однос на регулирањето на следење на вработените од страна на работодавачот, и дека не постои европски консензус за лична употреба на интернет на работното место.

Тие тврдеа дека во конкретниот случај властите му дозволиле доволна заштита на жалителот поради постоење на ефективен домашен судски надзор на неговиот случај. Потпирајќи се на наодите на домашните судови, се наведува дека негирањето на жалителот за било каква употреба на службениот компјутер за лични цели го навело работодавачот да пристапи кон проверка на содржината на неговите комуникации. Со тоа на увид му биле доставени транскриптите од неговите комуникации за ограничен временски период, тоа е да се каже на оние пораки помеѓу 5 и 13 јули 2007 година, кои  укажуваат дека тој трошел дел од работното време залудно. Владата понатаму тврди дека Судот би настапил поинаку доколку жалителот од самиот почеток потврдил дека го користел Yahoo Messenger за лични цели.

Владата исто така истакна дека забраната за лична употреба на ресурсите на компанијата е експлицитно содржана во прописите на компанијата, а со тоа и неговото спроведување и последиците биле познати на вработените. Таа заклучува дека домашните судови постигнале фер баланс помеѓу правата на жалителот и легитимните интереси на неговиот работодавец.

2. Оценка на Судот

Судот потсетува дека иако целта на член 8 е во суштина заштита на поединецот од арбитрарно мешање од страна на јавните власти, не ја приморува државата да се воздржи од мешање: во прилог на ова првенствено негативна обврска, може да има позитивни обврски својствени за ефективно почитување на приватниот живот. Овие обврски може да вклучуваат усвојување на мерки со цел да се обезбеди почитување на приватниот живот дури и во сферата на односите помеѓу самите поединци (види Von Hannover v. Germany (бр. 2) [GC], бр. 40660/08 и 60641 / 08, § 57, ECHR 2012 година, а Benediksdóttir v. Исланд (dec.), бр. 38079/06, 16 јуни 2009). Границата помеѓу позитивните и негативните обврски на државата според член 8 не може прецизно да се дефиницира. Во двата контекста, мора да се води сметка за праведната рамнотежа што треба да се постигне меѓу конкурентните интереси – кои можат да вклучат конкурентните приватни и јавни интереси или правата од Конвенцијата (види Еванс против Обединетото Кралство [GC], бр 6339/05, .. §§ 75 и 77, ECHR 2007-I) - и во двата контекста државата ужива одредена маргина на дискреција (види Фон Хановер, наведена погоре, и Jeunesse против Холандија [GC], бр 12738/10, § 106 3 октомври 2014 година).

Во конкретниот случај, Судот утврди дека жалбата на жалителот треба да се испита од аспект на позитивните обврски на државата, бидејќи тој бил вработен во приватна фирма, со што не може да се разгледува одговорноста на државата согласно Конвенцијата. Ставовите на Судот во случај на Oleksandr Volkov (цитиран погоре), кој се однесува на разрешување на судијата, не се применливи во конкретниот случај, како што е предложено од страна на жалителот (види став 47 погоре).

Според тоа, Судот мора да испита дали државата, во контекст на позитивни обврски во согласност со член 8, постигнала фер баланс помеѓу правото на жалителот на почитување на неговиот приватен живот и кореспонденцијата и интересите на неговиот работодавец.

Во врска со ова, Судот се повикува на неговите наоди во однос на обемот на жалбата кој е ограничен со следењето на комуникациите на жалителот во рамките на дисциплинска постапка (види ставови 40 и 41 погоре).

Судот забележува дека жалителот бил во можност да ги изложи своите аргументи во врска со наводната повреда на приватниот живот и кореспонденцијата од неговиот работодавец пред домашните судови. Тој понатаму забележува дека тие соодветно ги испитале неговите аргументи и очигледно е дека работодавачот постапил во контекст на дисциплинските овластувања предвидени со Законот за работни односи (види ставови 10 и 15 погоре). Домашните судови исто така, утврдиле дека жалителот го користел Yahoo Messenger на компјутер на компанијата и дека тој го сторил тоа во текот на работното време; со што неговата дисциплинска повреда е основана (види став 12 погоре).

Во овој контекст, Судот наведува дека и Окружниот суд и Апелациониот суд посебно внимание обрнуваат на фактот дека работодавачот пристапил до Yahoo Messenger сметката на жалителот во верувањето дека содржела професионални пораки, бидејќи како што се наведува на почетокот таа е отворена да служи за  советување клиентите (види ставови 10 и 12 погоре). Следува дека работодавачот постапил во рамките на неговата дисциплинска надлежност, затоа што, како што наведуваат домашните судови, тој пристапиил кон Yahoo Messenger врз претпоставката дека информациите во прашање се поврзани со професионални активности и дека таквиот пристап бил целосно легитимен. Судот не гледа причина да се разгледуваат овие наоди.

Што се однесува на употребата на преписот на комуникациите на жалителот како доказ пред домашните судови, Судот не смета дека домашните судови придале особено значење  на содржината на комуникациите на жалителот. Домашните судови се потпреле на преписот само до степен до кој тој укажува на  дисциплинска повреда на жалителот, имено, дека го користи компјутерот на компанијата за лични потреби за време на работното време. Всушност, никаде во нивните одлуки не се споменува комуникацијата на жалителот, ниту пак е откриен идентитетот на лицата со кои жалителот комуницирал. Поради тоа, Судот смета дека содржината на комуникацијата не е одлучувачки елемент во наодите на домашните судови.

Иако е точно дека тоа не е потврдено дека жалителот предизвикал штета на сметка на неговиот работодавач (спореди и направи разлика Pay v. United Kingdom, (dec.), Бр. 32792/05, 16 септември 2008 година, каде жалителот бил вклучен во активности што се надвор од неговите работни обврски, и Köpke (цитиран погоре), каде што жалителот предизвикал материјални загуби на неговиот работодавач), Судот утврдува дека не е неразумно за работодавачот да сака да провери дали вработените професионално ги извршуваат своите работни обврски.

Покрај тоа, Судот забележува дека комуникациjта на жалителот подлежела на испитување но не и другите податоци и документи на неговиот компјутер. Оттука, судот утврдува дека следењето на работодавачот е ограничено во обем и пропорционалност (споредите Wieser и Bicos Beteiligungen GmbH v. Austria, бр. 74336/01, §§ 59 и 63, ECHR 2007-IV, и Yuditskaya and Others v. Russia бр. 5678/06, § 30, 12 февруари 2015 година).

Понатаму, Судот утврди дека жалителот не објаснил зошто го користел Yahoo Messenger за сопствени цели  (види став 30 погоре).

Имајќи го предвид горенаведеното, Судот заклучува во конкретниот случај дека не постои ништо да се покаже дека домашните органи не успеале да постигнат фер баланс, во рамките на нивните маргина на уважување, меѓу правото на жалителот на почитување на неговиот приватен живот според член 8 и интересите на неговиот работодавач.

Според тоа, постои повреда на членот 8 од Конвенцијата.

 

II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 ОД КОНВЕНЦИЈАТА

Повикувајќи се на членот 6 од Конвенцијата, жалителот исто така се жалеше дека постапката пред домашните судови не била фер, особено поради тоа што не му било дозволено да донесе сведоци, како дел од неговиот случај.

Судот забележува дека жалителот бил во можност да ги произнесе овие аргументи пред Апелациониот суд, кој пресуди, во доволно разумна одлука, дека преслушување на  дополнителни сведоци не е релевантно за овој случај (види став 12 погоре). Таквата одлука била донесена на јавна расправа спроведена на контрадикторен начин и се чини дека не е неоснована (види García Ruiz v. Spain [GC], бр. 30544/96, §§ 28-29, ECHR 1999-I).

Следи дека жалбата е очигледно неоснована и мора да биде отфрлена во согласност со член 35 §§ 3 (а) и 4 од Конвенцијата.

 

ОД НАВЕДЕНИТЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ

1. Ја прогласува едногласно, жалбата во врска со член 8 од Конвенцијата за основана, а остатокот од жалбата за неоснована;

2. Смета, со шест гласа наспроти еден, дека не постои повреда на член 8 од Конвенцијата;

Изготвено на англиски и доставено на писмено на 12 јануари 2016 година, согласно член 77 §§ 2 и 3 од Деловникот на Судот.

Фатос Aracı András Сајо, Заменик секретар на претседателот