Усвоена е Директивата за евиденција на имиња на патници

На 14 април 2016 година, ЕП ја усвои Директивата за евиденција на имиња на патници (EU Passenger Name Record (PNR) Directive)

По долгиот процес на преговори усвојувањето на оваа Директива е одговор на заканите од тероризмот и организираниот криминал преку зајакната соработка во овие области и ефективна размена на разузнувачки податоци.

http://www.statewatch.org/news/2016/apr/ep-press-rel-eu-pnr-passed.pdf

Оваа Директива предвидува воспоставуање на систем за собирање и обработка на податоците од резервациите добиени од страна на авиопревозниците и има за цел да се користат само за спречување, откривање и истрага на лица кои се поврзуваат со тероризам и сериозен криминал.

Од аспект на приватноста, Директивата вклучува заштитни клаузули за приватноста и личните податоци обезбедувајќи целосна усогласеност со регулативата за заштита на личните податоци.