Обука - 04.01.2017 година

На 04.01.2017 година во просториите на Дирекцијата за заштита на личните податоци се одржа: „Обука за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци“, наменета за претставници на контролори од различни области. За време на обуката беа објаснети законските обврски кои ги имаат контролорите на збирки на лични податоци, како и обврските на офицерите за заштита на личните податоци. На обуката беа разработени и одредбите кои се однесуваат на техничките и организациските мерки за обезбедување на тајност и заштита на обработката на личните податоци.