Обуки за контролори на збирките на лични податоци и обработувачи

Дирекцијата за заштита на личните податоци во функција на подигање на квалитетот на заштитата на личните податоци во Република Македонија од страна на контролорите и обработувачите на збирки со лични податоци и подигање на јавната свест во целина во рамките на своите надлежности врши и обука на заинтересираните контролори и обработувачи на збирки на лични податоци.

Обуките се реализираат согласно Годишна програма за обуки на контролори на збирки со лични податоци и обработувачи што ја утврдува Дирекцијата за заштита на личните податоци за заинтересираните контролори и обработувачи, се вклучуваат во обуките со пријавување на посебниот образец Барање за обука.

Вашето Барање за обука или прашање поврзано со обуките, може да го доставите на следниот е-маил: obuki@privacy.mk.

Лице за контакт: Сања Николовска

Контакт: +389 2 3230 635