Сертифицирани обуки за дигитална безбедност на компјутерски корисници CSCU

Сертифицирани обуки за дигитална безбедност на компјутерски корисници CSCU

Почитувани,

Развојот на современата технологија секојдневно поставува прашања за безбедноста на интернет комуникациите и воопшто на заштитата на податоците. Големото количество на откриени податоци отвора различни можности за злоупотреби за кои е добро да бидеме свесни. Следејќи ги актуелните трендови, Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија цени дека е од особен интерес зголемувањето на свеста кај граѓаните за безбедно користење на информатичката технологија.

Како резултат на Потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу Дирекцијата за заштита на личните податоци (www.privacy.mk) и EC Council (Меѓународен Совет на консултанти за електронска трговија; www.eccouncil.org) произлезе веќе утврдената потреба меѓу потписниците за проширување на обемот на соработка преку организирање на обуки и едукација на контролори и обработувачи на лични податоци како и за сите корисници на компјутери кои секојдневно се во допир со чувствителни информации, согласно Годишната програма на Дирекцијата.

Програма за спроведување на сертифицирани обуки за дигитална безбедност на компјутерски корисници -  CSCU [Преземи]

Меморандум за соработка помеѓу Дирекцијата за заштита на личните податоци и Семос Едукација [Преземи]

Цел на обуката:

Целта на курсот CSCU –Certified Secure Computer User e слушателите да ги научи на потребните знаења и вештини за да ги заштитат своите компјутери и електронски податоци, а со тоа да ги заштитат своите компании, домови и деца. 
Позади курсот CSCU стои концептот дека луѓето се најслабата алка во синџирот на безбедноста и ниту една компанија, банка или владина институција,и покрај огромните инвестиции во најсовремени ИТ системи, не е неранлива на хакерски напади поради човечкиот фактор. 

Содржина на обуката:

Овој курс на слушателите им нуди интерактивна средина каде што ќе научат за основните на различни компјутерски и мрежни безбедносни закани како што се кражба на идентитет, измами со кредитни картички, ризици на интернет банкарство, фишинг измами (собирање на лозинки и кориснички имиња ), вируси и тројанци, измами со е-меилови, недозволени порнографски содржини, губење на доверливи информации, хакерски напади и социјален инженеринг (техника на изнудување на доверливи информации од вработените во компаниите). 
Уште поважно е тоа што научените вештини од курсот им помагаат на слушателите да ги преземат неопходните чекори за да ги намалат ранливостите и го зголемат степенот на безбедност на нивните компјутери.
Во време на нови технологии и компјутери, дигитални информации, како и електронски медиуми за интеракција, од непроценливо значење е нашата приватност и на нашите деца, а секако и на нашите компании.

Модул 01: Основи на безбедноста
Модул 02: Securing Operating Systems
Модул 03: Заштита на системите со користење на антивирус
Модул 04: Енкрипција на податоци
Модул 05: Backup на податоци и Disaster Recovery
Модул 06: Интернет безбедност
Модул 07: Обезбедување на мрежни конекции
Модул 08: Обезбедување на Online трансакции
Модул 09: Обезбедување на Email комуникација
Модул 10: Социјален инженеринг и кражба на идентитет
Модул 11: Безбедност на социјални мрежи
Модул 12: Безбедност на информации
Модул 13: Обезбедување на мобилни уреди

За кого е наменета обуката?

Обуката е наменета за сите вработени, кои истовремено се и корисници на интернет преку компјутери или смартфони или таблети, вработени во компании и институции од најразлични области, а кои имаат пристап до корпоративни податоци, како што се лични, клиентски, финансиски и други податоци од голема важност и каде што е неопходна заштита на истите.

За следење на оваа обука потребно е основно предзнаење за употреба на компјутери, Office алатки, Интернет, емаил и сл.

Обуката не е наменета, иако не ги исклучува, вработените во ИТ одделите на компаниите. 

Дали може после обуката да се полага и да се добие сертификат?

По обуката учесниците може да се спремат и да го полагаат испитот CSCU (112-12) и да се стекнат со титулата Certified Secure Computer User (CSCU).

http://www.semosedu.com.mk/default.aspx?mId=123&eid=351&Lan=MK

Контакт за пријава

Телефон за контакт:++389 2 31 30 900

Контакт лице: Наташа Ристеска Тодоровска

e-mail: natasa.todorovska@semos.com.mk
www.semosedu.com.mk

Телефон за контакт:++389 3 230 635

Контакт лицa:
Игор Кузевски и Мануела Станоевска Стоилковска

e-mail: igor.kuzevski@privacy.mk и     manuela.stanoevska@privacy.mk
www.privacy.mk