Право на ограничување на обработката

 

 

 

Ова право им дозволува на физичките лица да ги ограничат начините на кои контролорите ги користат нивните лични податоци во одредени околности (на пр., личните податоци се веројатно неточни, обработката е незаконска, не постои валидна цел на обработката, лицето се спротивставува на обработката што се заснова на легитимен интерес на контролорот).

На некој начин, ова право претставува алтернатива на барањето за бришење на личните податоци.

Пример:

Надлежен орган спроведува истрага за одредено кривично дело, но се чини дека личните податоци за осомничениот коишто биле добиени од трета страна се неточни (на пр., датум на раѓање, криминално досие).

Органот не треба да ги избрише овие податоци бидејќи тие претставуваат докази против осомничениот.

Сепак, користењето на овие податоци треба да се ограничи до собирањето на точните податоци.