Право да се биде информиран

 

 

 

Физичките лица имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци.

Меѓу другото, контролорите се обврзани да ги информираат физичките лица за:

  • идентитетот и/или контакт деталите на нивниот овластен претставник/офицерот за заштита на личните податоци;
  • целите на обработката/правниот основ за обработката на личните податоци, а особено за легитимните интереси што се остваруваат;
  • корисниците на лични податоци;
  • намерата за пренос на личните податоци во трети земји/организации;
  • роковите на чување;
  • правата што ги уживаат субјектите на лични податоци;
  • правото за повлекување на согласноста и правото на поднесување на барање до Агенцијата за заштита на личните податоци; и
  • постоењето на автоматизирани процеси на одлучување, вклучувајќи и профилирање.

Во случај кога личните податоци ги добиваат од други извори, контролорите се должни на физичките лица, меѓу другото, да им обезбедат релевантни информации за изворите и категориите на личните податоци.

Овие обврски не се применуваат во ретки околности кога физичките лица веќе добиле такви информации.

Пример:

Едно лице се регистрира за користење услуги за електронска пошта и по регистрацијата ги добива сите информации пропишани во член 18 од Законот за заштита на личните податоци.

Неколку месеци подоцна, лицето ја активира функцијата за праќање инстант пораки и од него се бара да обезбеди дополнителни податоци, т.е. телефонски број.

Во овој случај, давателот на услугата ќе му ги даде сите информации на лицето пропишани со закон во врска со обработката на телефонски броеви (на пр., целите, роковите на чување), но нема обврска да ги обезбеди информациите коишто лицето ги добило неколку месеци претходн

Ова претставува клучен услов за транспарентност и сите информации што се обезбедуваат мора да бидат концизни, транспарентни, разбирливи, лесно достапни, и да бидат дадени на јасен и разбирлив јазик