Право на бришење („право да се биде заборавен“)

 

 

 

Ова право не е апсолутно и се применува само во одредени околности:

  • кога личните податоци повеќе не се потребни;
  • кога лицето ја повлекува согласноста врз којашто се заснова обработката/ поднело приговор на обработката;
  • кога контролорот обработува лични податоци за целите на директен маркетинг;
  • во случај на незаконска обработка;
  • во случај на обврска пропишана со закон; и
  • кога личните податоци се собираат за понуда на информатички услуги.

Ова право не се применува, меѓу другото, кога се однесува на:

  • остварување на правото на слобода на изразување и информирање (на пр., за новинарски цели);
  • кога контролорот има законска обврска за обработка на лични податоци (на пр., обработка на евиденции за работно време на вработените);
  • во случај на извршување на работи од јавен интерес или при вршење на јавно овластување (на пр., за целите на архивирање од јавен интерес, за целите на научни и историски истражувања или за статистички цели, доколку постои веројатност дека бришењето може да ја направи обработката невозможна или сериозно да го отежне постигнувањето на целите на обработката, или при спроведување попис на населението во земјата), и
  • за воспоставување, остварување или одбрана на барања засновани со закон.

Пример:

Една клиника добива барање од поранешен пациент за бришење на сите лични податоци поврзани со него, сепак, осигурувањето во случај на одговорноста што го има клиниката налага таа да ги чува податоците на пациентот.

Клиниката може да го одбие барањето за бришење на податоците на лицето бидејќи таа ги обработува таквите податоци за целите на остварување на некое право засновано со закон.