Агенција за заштита на личните податоци
Published on Агенција за заштита на личните податоци (https://dzlp.mk)

Почетна > Зајакнување на соработката со Европравда и Европол

Зајакнување на соработката со Европравда и Европол

Submitted by slobodanka on Јули 12, 2017 - 08:51
[1]

Еден од очекуваните резултати од ЕУ проектот Поддршка за пристап до правото за заштита на лични податоци” е подобрување на меѓународната соработка на Дирекцијата за заштита на лични податоци. За негово исполнување е предвидена активноста А11.2 – Зајакнување на соработката со Европравда (Eurojust), Интерпол и Европол, во врска со спроведувањето на одредбите за заштита на обработката на лични податоци во борбата со сериозните форми на транснационален криминал, вклучувајќи и тероризам. За таа цел, во периодот од 3ти до 7ми јули 2017 беше организирана посета за 8 (осум) претставници на ДЗЛП на Европравда и Европол во Хаг. Посетата беше од консултативен карактер и во текот на истата беа разменети мислења во однос на понатамошниот развој во областа на заштитата на лични податоци и безбедноста на податоците. 

Hero image: 
/system/files/photo-1429051883746-afd9d56fbdaf_-cropped_0.jpg

Copyright 2017 © АЗЛП | Политика за приватност | Колачиња

Оваа веб страница е надградена со помош на Европската Унија.

Содржината на веб страницата е единствена одговорност на Агенцијата за заштита наличните податоци и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.


Source URL: https://dzlp.mk/mk/content/%D0%B7%D0%B0%D1%98%D0%B0%D0%BA%D0%BD%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%82%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B4%D0%B0-%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D0%BE%D0%BB

Links
[1] https://dzlp.mk/sites/default/files/field/image/2img_1651.jpg