I. Барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци
Доколку сметате дека е повредено Вашето право на заштита на личните податоци, можете да поднесете Барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци. За таа цел потребно е да ги наведете личните податоци за Вас како и податоците за контролорот кој сметате дека Ви го повредил правото на заштита на лични податоци. Не може да се поднесува барање против непознат контролор. Обемот на податоци кои се потребни за да постапува Дирекцијата за заштита на личните податоци по Вашето барање се наведени подетално на следниов линк. Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе одлучи со решение по Вашето Барање.
Чекори за пополнување на Барањето:
Барањето може да се достави во хартиена форма во писарницата на Дирекцијата за заштита на личните податоци или електронски на следниов линк.
Барањето задолжително треба да биде потпишано лично од страна на подносителот на барањето.
Дирекцијата за заштита на личните податоци може да Ве контактира заради понатамошно постапување по истото.
II. Иницијатива за вршење на инспекциски надзор во Дирекцијата за заштита на личните податоци
Доколку се сомневате дека е повредено правото на заштита на лични податоци на поголем број граѓани можете да поднесете Иницијатива за вршење на инспекциски надзор. Поведувањето на постапката за инспекциски надзор пред Дирекцијата за заштита на личните податоци е едноставно и бесплатно. Се што треба да направите е да дадете краток опис на повредата и да наведете податоци за контролорот. Не можете да поднесете иницијатива против непознат контролор.
Чекори за пополнување на Иницијативата:
Иницијативата може да ја доставите во хартиена форма во писарницата на Дирекцијата за заштита на личните податоци или електронски на следниов линк.