Издадено: 2018
216 страни, 1.1 MB PDF file
Јазик: Албански јазик, Англиски јазик, Македонски јазик
Повеќе
Водичот за постигнување на праведна рамнотежа помеѓу правото
на заштита на личните податоци и слободата на информирање
(„Водичот“) се изработи во рамките на проектот на Европската Унија
„Поддршка за пристап до правото на заштита на личните податоци“
што се одвиваше во рамките на Дирекцијата за заштита на лични
податоци (ДЗЛП) помеѓу 2016 и 2018 година. Важноста на рамнотежата
помеѓу правото на пристап до (јавни) документи и транспарентноста
на јавните институции од една страна и потребата за заштита
на приватноста и личните податоци на друга страна, беше
препознаена
веќе во описот на задачите на овој проект, пред фазата
на имплементација.
Еден посебен дел од овој проект беше целосно посветен на потребата
за балансирање на овие права. За таа цел беа имплементирани
многу активности. Организирани беа неколку регионални
работилници и тематски обуки со учество на меѓународни експерти
обезбедени од проектот и претставници на двете национални институции
кои ги покриваат правата од оваа област: ДЗЛП и Комисијата
за заштита на правото за слободен пристап до информациите
од јавен карактер (КОМСПИ). Во текот на работилниците и обуките
за време на спроведувањето на овој проект беа изнесени и дискутирани
многу теми и практични проблеми, односно случаи и беа барани
решенија.
Од планираните резултати и активности на овој проект може да
се разбере дека, покрај свеста и подигнување на знаењето, една од
целите беше и да се воспостави подобра соработка
и разбирање
помеѓу службениците кои работат на спроведување
на правата,
како и помеѓу двете институции. Сето ова се одразува
во содржината на Водичот.