Совет на Европа

Советот на Европа е најстарата политичка организација на континентот формирана во 1949 година.

Советот на Европа:

  • има 46 земји членки;
  • има апликација од уште две земји (Белорусија и Црна Гора);
  • има доделено статус на набљудувач на уште 4 земји (Ватикан, Соединетите Американски Држави, Јапонија и Мексико);
  • е одвоена од 27-члената Европска унија, но ниедна земја не се придружила на Европската унија, а претходно да не припаѓала на Советот на Европа;
  • седиште во Стразбур, Р. Франција.

Советот бил формиран за да:

  • ги брани човековите права, парламентарната демократија и владеењето на правото;
  • ги развива континенталните договори за стандардизација на социјалните и правните практики на земјите членки;
  • ја промовира свеста за европски идентитет базиран на заеднички вредности и различните култури.

Советот на Европа и заштитата на личните податоци

Со цел да обезбеди за секое лице, без разлика на неговата/нејзината националност или место на живеење, почитување на неговите/нејзините права и фундаментални слободи, а особено неговото/нејзиното право на приватност, во поглед на автоматската обработка на лични податоци на неговите/нејзините податоци. Советот на Европа ја донесе "Конвенцијата за заштита на лицата при автоматската обработка на лични податоци" која што беше отворена за потпишување на 28 јануари 1981 година. Се до денес, таа Конвенција е единствениот обврзувачки меѓународен инструмент во светски домен за примена на ова поле, отворен за секоја земја, вклучувајќи ги и земјите кои не се членови на Советот на Европа.

Зголеменото користење на автоматската обработка на податоци во последните неколку децении го зголеми ризикот од криминално користење на личните податоци и го забрза нивниот пренос преку границите на државите со големи разлики во нивото на заштита на личните податоци.

Европската конвенција за човекови права гарантира одредени политички и цивилни права помеѓу кои се правото на приватност (член 8) и правото на информација (член 10), две права кои може да бидат контрадикторни.

Конвенцијата 108 за заштита на лица во однос на автоматска обработка на личните податоци на Советот на Европа, Република Македонија ја потпиша на 25.01.2005 година, а ја ратификуваше на 24.03.2006 година.