Спам, junk mail (рекламен материјал добиен по е-пошта) или unsoliced commercial mail (небарана рекламна пошта) е несакана порака најчесто со рекламна содржина. Содржината на пораките најчесто е да купите некои производи или услуги на Интернет, брзо и лесно да ослабете и слично, а покрај на вашата адреса, се испраќаат и на илјадници други. Примери од секојдневниот живот кои се слични на спамот во електронска форма се флаерите кои секојдневно ги наоѓаме во поштенските сандачиња, а не известуваат за новите производи, намалување на цените и сл.
Спамот не претставува проблем доколку во електронската пошта се добиваат по неколку несакани пораки, кои лесно можат да се избришат. Меѓутоа, проблем е кога таквата ситуација се повторува секојдневно со голем број на пораки и тешко е да се разликува потребната е-пошта од несаканата.
Постојат неколку начини да се заштитиме од спам, но најчесто потребна е нивна комбинација за да се постигне саканиот ефект.
Мерки на заштита:
Пријавете го добивањето на спам
Пријавете го добивањето на спам на е-поштата во Дирекцијата за заштита на личните податоци. Водењето на постапката и откривањето на вистинскиот идентитет на испраќачот е понекогаш многу тешко да се открие. Но, Дирекцијата ќе ги преземе сите мерки кои се во нејзина надлежност за утврдување на повредата на правото за заштита на личните податоци, како и откривањето на идентитетот на испраќачот.