Информатичка технологија

Напредокот на информатичката технологија, посебно Интернетот, создаде големи предности, но од друга страна, неговото погрешно користење или злоупотреба, може да има негативни последици во економско - општествената и културната средина, а понекогаш може да предизвика и дестабилизација на целото општество. Потенцијалот на информатичко - комуникациската технологија за чување и обработка на лични податоци, го зголемува проблемот на нивната заштита.

Живееме во време кога личните податоци се повеќе се разменуваат помеѓу различни органи и институции и се пренесуваат преку државните граници. Затоа е неопходно да се обезбеди сигурност на целокупниот систем, да се подигне свеста на интернет - корисниците за многубројните опасности кои „се прикрадуваат“, како и да се подучат да не „паднат“ на хакерските игри.