Граѓанинот има право да знае кои лични податоци се собираат, обработуваат и чуваат за него било во хартиена или електронска форма. За таа цел тој може да оствари увид во збирката на лични податоци кај контролорот кој врши обработка на неговите лични податоци (член 12 од Законот за заштита на личните податоци). На пример право на увид во: медицинското досие во здравствената установа каде што се лекувате, досието на работникот во правното лице каде работи, кредитно досие во финансиската институција каде сте корисник на кредит, досието на корисник на телефонски услуги кај телефонскиот оператор чии услуги ги користите итн.).
За да го остварите ова право потребно е да поднесете писмено барање до контролорот за кој мислите дека обработува Вашите податоци и во кое детално ќе ги наведете податоците со кои сакате да се запознаете.
Контролорот е должен во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на писменото барање писмено да Ве извести за:
Доколку повторно поднесете исто или слично барање за увид во Вашите лични податоци, а во меѓувреме не настанале никакви промени, контролорот (органот) нема обврска да Ви одговори на истото.
Од ова правило постои исклучок кога од одговорот на контролорот изминале повеќе од шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање.
Исто така, кога личните податоци се обработуваат исклучиво за научно истражување или статистички цели контролорот нема обврска да постапи по барањето за увид.