За контролорите

Контролор на лични податоци е правно или физичко лице, државен орган или друго тело кое води збирка на лични податоци, односно кое самостојно или со други ги утврдува целите и начинот на обработката на личните податоци (член 2 став 1 точка 5 од Законот за заштита на лични податоци).Кога целите и начинот на обработката се утврдени со закон или друг пропис, со истиот закон, односно пропис се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

Оваа дефиниција ги опфаќа сите трговски друштва, државни органи, единици на локалната самоуправа, јавни претпријатија, болници, училишта, градинки, здруженија на граѓани, синдикати, политички партии, лица кои самостојно вршат дејност (адвокати и сл.), нотари, извршители и др.

Контролори се и физички лица, но овој Закон не важи за нив доколку собирањето и обработката на личните податоци "се врши исклучиво заради лични активности или активности во домот".