FACEBOOK—Нужно зло!

Пишува: Бојан Николовски, магистер по менаџмент со одбранбено безбедносни ресурси

Социјалните мрежи сè повеќе добиваат на значење како средство за комуникација меѓу луѓето, но и како профили на определени институции, здруженија, организации и слично. Затоа сметаме дека е мошне значајно да се знаат постапките за заштита на профилите на некои од социјалните мрежи.

Facebook денеска претставува најпопуларен веб сајт наменет за социјална интеграција на луѓето. Експанзијата на оваа социјална мрежа во изминатите години ги надмина очекувањата за проширувањето дури и најголемите оптимисти за развојот на информатичката технологија.

Експанзијата на оваа социјална мрежа може да се согледа низ табелата која подолу е прикажана и се однесува на бројот на корисници[1][2][3][4] на Facebook.

 

Месец и година

Број  на корисници

Месец и година

Број  на корисници

Декември 2005

5.500.000

Јули 2009

250.000.000

Декември 2006

12.000.000

Септември 2009

300.000.000

Октомври 2007

50.000.000

Јануари 2011

600.000.000

Август 2008

100.000.000

Јануари  2013

950.000.000

Јануари 2009

150.000.000

Јануари 2014

1.310.000.000

 

Причините за овој раст може да се лоцираат од повеќе аспекти, но, согласно моето мислење Facebook со својот најпрвин симплистичен пристап, апликативно дружељубив интерфејс и леснотијата за апликативно користење ги придоби корисниците на интернет. Придобивките кои корисниците на Facebook  ги имаат на располагање беа следните: пронаоѓање на стари пријатели, училишни другари, поранешни колеги, далечни роднини, воедно и можноста за интеракција со истите како писмена,  вербална така и мултимедијална.

Адаптација и ажурирање на подесувањата за приватност на Facebook

Адаптација и ажурирање на подесувањата за приватност на Facebook претставуваат нужно зло коие е наметнато на апликативните корисници на Facebook. Имено овие поставки се потребни без разлика дали станува збор за податоци кои се објавени во News Feed[5] листа на (апдејтирани објави на сопственaта  страна на Facebook) или пак станува збор за лицата кои се прикажани на  фотографиите.

Иако компанија која што раководи со Facebook  редовно врши подесувања и отвара можности за подесување на приватноста мора да се земе во предвид и фактот за колку и во кој обем корисници вршат објави, на кого тие објави се достапни како и можните последици од објавите.

Facebook е во постојан конфликт за да воспостави баланс на опциите за адаптација на подесувањата за приватност. Овој конфликт е инициран од причиско-последичните односи за кој да ја поседува контролата  на приватноста. имено дали контролата  на приватноста ќе ја имаат корисниците (нус појава би била целосно запирање на информациите) или пак компанијата која нема реални можности за следење на сите корисници.

Доколку ова го реформулираме на разбирлив начин Facebook сака да има споделување на информации, но како нормативни рамки компанијата е задолжена да се раководи во рамките на законите воедно  и етички е да се грижи да им овозможи  на корисниците за обемот на споделување на информациите, со цел задржување на фиктивната мисла за контрола на приватноста.

Компанијата која раководи со Facebook со текот на времето и експанзијата низ светот драстично ги зголеми можностите за споделување на информации како и по обем така и по длабочина во приватноста.

Воедно може да се види и промена во начинот на подесување на приватноста на самиот профил, имено пред пет години сите информации на профилот се уредуваа од едно место.

Но во изминатиот период тоа се измени имено подесувањата на различните поставки за приватност се подесуваат од различни места на корисничкоит профил. Можност за одлучување и начинот на кој ќе се сподели секоја поединечна информација  е поставена на страницата на која се уредуваат  личните информации. Така можете да се донесе одлука  за видливост или пак достапност на одредена група на податоци  за одредена група луѓе.

Опцијата е сместена е во десниот горен дел од вашата профил- страница, веднаш под Timeline (Timeline е воведена во септември 2011 година и е задолжителна за сите корисници од февруари 2012 година). Timeline е всушност комбинација на Facebook ѕид на корисникот и профилот  на една единствена страница, создавајќи повеќе визуелно холистички профил. Timeline[6] вклучува хронолошки детали, од историјата на корисникот со клучните животот поени, вклучувајќи родендени, свадби и други големи настани).

Во листата за активности односно во Activity Log[7] постои опцијата види како View As... може да се провери  до кои информации и содржини се има пристап.

Алтернативно, можете да кликнете на линкот public за да се изврши проверка на изгледот на  вашиот јавен профил за оние кои не ви се пријатели и за оние кои само се имаат претплатено (Subscribed - Лица кои што не се пријатели но ја следат вашата активност) да ги следат содржините кои ги споделувате. Проверката на подесувањата на приватност е речиси задолжително кога Facebook Фејсбук прави промени во подесувањата за приватност бидејќи тие можат да се однесуваат на поставување основни (default) опции за вашиот профил, најверојатно има диференцијација односно  различност од поставките кои биле наместени кога последен пат се подесувани[8].

При последните големи промени во делот на поесувањето  за приватност претставува можноста која ја имаат корисниците на раполагање при поставуваат нови статуси, слики или линкови да изберат со кого а ја споделат објавената содржина[9].

Како основни опции за споделување се следните:

  1. Јавно достапни или Public,
  2. Сопствените пријатели  или Friends,
  3. пријателите без познајниците (Friends except Acquaintances),
  4. исклучиво лично или Only me и
  5. лица на кои со посебно означување им се дава пристап или Custom.

Исползувајќи ја можноста за одбирање корисниците  можат да им дозволат видливост на содржините на различни корисници или пак група на корисници едноставно со одбирање на опцијата таг[10]. Кога некоја личност ќе биде тагната односно означена се создадава линк на нивнаиот  Τimeline. Покрај во фотограгија може да се означи и личност во објавување на пост (статус)кој истотака се објавува на Τimeline  на корисникот. На пример, можете да таг на слика да се покаже кој е на  сликата. Ако сте одбележани односно тагнати од  пријател во статусно ажурирање, секој кој има пристап до ажурирањето може со еден клик на името на вашиот пријател пристапи  до нивниот Τimeline). Со поставување на погоренаведената опција може да се забрани видливост на дел од пријателите или пак на листа на пријатели.

Содржините што се постираат од интернет порталите, со притискање на копчето Like(Кога ќе кликнете на Like на страница Facebook на одредена реклама, или на содржината на Facebook се прави конекција до истата. Вашиот like ќе се појави на Timeline и исто така, може да се појави во News feed.  Вашето име и презиме со линк може да бидат прикажани на страница на која сте притиснале Like,  воедно меже да се појавите и во  реклами за таа страница пред вашите пријатели.) или со коментарите кои ги оставате на веб-сајтовите кои го користат системот за коментирање на Facebook, се појавуваат јавно на ѕидот на профилот. Затоа Facebook предупредува кога не го гледате копчето за одредување на начинот на кој сакате да споделите некоја содржина, треба да се земе во предвид дека информацијата ќе биде јавно достапна.

При поставување на нови визуелни содржини односно нов албум со фотографии, при самото поставување може да се одреди степенот на неговата отвореност односно достапност до јавноста. Корисниците имаат на располагање доволен број на  можности почнувајќи од поставување на временска рамка, преку означување на локацијата  локацијата па се до опцијата на кого овие визуелни содржини ќе бидат остапни.

Важна промена е направена од страна на компанијата кој раководи со Facebook во однос на можностите за бришење (исклучување) на  тагови. Опцијата за прифаќање/одбивање таг на припадниците на Армијата на Република Македонија може да ја направат директно од страницата со приказ на фотографијата или објавата на статус преку Options–> Report/Remove Tag на фотографии, Edit или Remove - Remove Tag на одредени линкови или пак статуси[11].

Одредени групи на намерни(разузнавачки заедници) и ненамерни( маркетинг компании) често вршат злоупотреба на можностите што ги нудат  социјалните мрежи вклучувајќи ја и  достапноста на корисниците.

Со цел заштита на безбедноста и приватноста од несакани покани или следбеници на вашиот профил постои можност за блокирање на корисници или групи.

Оваа опција се подесува на тој начин што преку последната опција од страницата за поставки за приватност, преку блокирање на лица или апликации или во оригинал Blocked People and Apps.

Во овој таб има 3 (три) нивоа  на ограничување на пристапот за интеракција со вас.

Овие три начини се :

  1. опцијата блобирање на корисници или во оригинал Block users. Со оваа опција  се врши директно блокирање на лица и интеракцијата со нив е возможна само низ заедничко членување во одредени групи или апликации кои се заеднички.
  2. Опција за за блокирање на покани од апликации или  во оригинал Block app invites. Со оваа опција како што и претходно беше наведено се врши директно блокирање но на одредени апликации.
  3. Опција за блокирање на покани за настани или во оригинал Block event invites. Со избирање на оваа опција се врши блокирање на поканите испратени до вас за одредени настани и манифестации.

Доколку сакате да го ограничите пристапот до информациите кои ги споделувате со одредени пријатели имајте на ум дека блокирањето е само една од опциите. Тука би препорачал користење на лицата во листата Restricted, и потоа од оваа локација преку едитирање односно додавање  на лица.

За дополнителна заштита на податоците од други апликации, најкорисна е употребата на HTTPS-протоколот[12] (Hypertext Transfer Protocol Secure- https е комуникациски протокол  кој асе користи за безбедна комуникација низ компјутерска мрежа) секогаш кога тоа е возможно.  Со цел користење на овој протокол потребно е преку Account Settings менито во опцијата Security да се одбере Edit во просторот кој се однесува заSecure Browsing. Со одбирање на опцијата за Browse Facebook on a secure connection (https) when possible се овозможува заштитна конекција кога е тоа возможно.

Можете да овозможите систем за двојна автентикација за да бидете сигурни дека виесте единствениот корисник на Фејсбук кој се најавува со вашите кориснички податоци. На оваа локација потребно е да се избере Login Approvals и со означувањена опцијата со ќе биде потребно  да се внесе код при најава од неавторизиран уред за пристап до личниот профил. Воедно постои и можност за добивање на известувања секогаш кога има најава на вашиот профил од уред кој не е користен претходно.

Иако Facebook можеби претставува најпопуларната социјална интернет мрежа, дел од корисниците од најразлични причини имаат желба да го избришат сопствениот профил. Постојат многу причини за престанок на  користење на Facebook кои се движат во дијапазон од лични преку професионални па се до верски причини. За таа цел, постои опција за деактивирање и/или бришење на корисничкиот профил.

Деактивација е привремено отстранување на профилот од лична употреба. Имено, деактивацијата не го отстранува профилот од листата на пријатели или пак групи во кои истиот е зачленет, односно корисниците можат да го разгледуваат профилот односно, истиот е ставен во зона на чекање за повторно активирање. Во продолжение би извршил елаборација на деактивација на корисничкиот профил чекор по чекор.

Најпрво корисникот мора да изврши логирање на постоечкиот  Facebook профил. Како следен чекор е на лентата со алатки во рамките на вашиот Facebook профил, потребно е да се одбере Account > Account Settings[13]

Со ова постапување се отвора кориснички интерфејс профилот на дното на поставките има опција Deactivate your account[14], на десната страна, потребно е да се избере Deactivate.

По ова постапување се отвора нов прозорец каде што може да се  избере деактивирање, но на овој простор потребно е да се даде причина за деактивирање на сметката. По завршување на овој чекор и избирање на  Confirm профилот се деактивира.

По ова постапување потребно е да се добие порака на екранот која пак потврдува дека корисничкиот профил е деактивиран.

Деактивираниот профил може да стане активен со повторно логирање на него. Деактивирање е привремена опција, бидејќи Facebook  ги зачувува  коментарите на профилот. Доколку корисникот се одлучи за реактивиација на профилот истиот ќе се појави како да не бил деактивиран.

Сега да преминеме на бришење на корисничкиот профил.

Опцијата Delete аccount[15] е додаден под опцијата Deactivate my account која се наоѓа во Account Settings менито. Најниско на менито за деактивирање ќе ја најдете опцијата за бришење на корисничкиот профил.

Комплетното бришење на корисничкиот профил на Facebook од самиот почеток на функционирање на компанијата било комплицирано бидејќи опцијата била скриена низ менијата. Опцијата Delete account сега е подостапна и со активирање на истата се извршува операција која  претставува комплетно бришење на профилот, односно се што било поставено од корисничкиот профил е трајно избришано од серверите на Facebook (како на пример фотографии, коментари, листа на пријатели и слично).

По оваа постапка Facebook ќе побара внесување на лозинката  заедно со два збора од понудената слика како заштита за евентуално ненамерно или пак автоматско бришење на профили.

Иако опциите за деактивирање и трајно бришење на корисничкиот профил постојат истите се на располагање на корисниците. Статистиката покажува дека бројот на корисници не само што не се намалува туку истиот се зголемува со текот на времето.

Како заклучок на сето погоре изнесено самостојно се наметнува дека корисниците на Facebook социјалната интернет мрежа мора да вршат постојана адаптација на поставките за приватност.

Имено како компанијата Facebook како експанзираше низ годините така приваноста на податоците се намалуваше. Евидентен е обидот за пронаоѓање баланс помеѓу безбедноста и комерцијалноста. Низ статијата се дадени лични поглеи и размислувања а некои од начините и можностите за заштита на приватноста наменети за апликативните корисници на Facebook.

Преку имплементирање на поставките кои се дадени во статијата ценам дека можностите за заштита на приватноста драстично ќе се зголеми. Но за да бидам разбран погрешно апсолутна безбедност на соијалните интернет мрежи не е реално достижна, но имплементирајќи низа од поставки низ корисничкиот профил безбедноста на личните податоци може да се зголеми.

Со овој статија е направен обид за допридонесување во свесноста  за негативно општествените појави на апликативните корисници на социјалната интернет мрежа Facebook. Низ низа на практични примери на се обидов на апликативните корисници да им го доближам еден мал сегмент од дијапазонот на опциите за намалување на ризикот и секако заштита на приватноста на личните податоци.

[1] Ана В. Ковачевић Цурење информација преко Facebook-A  Годишњак факултета безбедности annual faculty of security studies 2009 универитет у Београду – Факултет безбедности стр 312

[2] Nicholas Carlson Goldman to clients: Facebook has 600 million users достапно на веб http://www.nbcnews.com/id/40929239/ns/technology_and_science-tech_and_ga... (пристапено на ден 18.03.2013 година)

[3] Dan Noyes Top 15 Valuable Facebook Statistics January 10, 2013   достапно на веб http://zephoria.com/social-media/top-15-valuable-facebook-statistics/ (пристапено на ден 18.03.2013 година)

[4] Facebook Statistics http://www.statisticbrain.com/facebook-statistics/ (пристапено на ден 15.02.2014 година)

[5] News Feed  претставува листа на апдејтирани објави на сопствениот  страна на Facebook достапно на веб http://www.webopedia.com/TERM/F/Facebook_News_Feed.html (пристапено на ден 15.03.2013 година)

[6] Facebook е воведена во септември 2011 година и е задолжителна за сите корисници од февруари 2012 година. Timeline е всушност комбинација на  Facebook ѕид на корисникот и профилот  на една единствена страница, создавајќи повеќе визуелно холистички профил. Timeline вклучува хронолошки детали, од  историјата на корисникот со клучните животот поени, вклучувајќи родендени, свадби и други големи настани. Достапно на веб http://www.techopedia.com/definition/28406/facebook-timeline (пристапено на ден 18.03.2013 година)

[7] Activity Log е алатка која овозможува подесување на достапноста на податоците. Activity Log е достапна само на корисникот

[8] Ирина Шумадиева „Како да си ја заштитиме приватноста на фејсбук?“ Скопје: Фондација Метаморфозис,2012.

[9] Подесувања на приватност достапно веб http://www.facebook.com/help/385017548218624 (пристапено на ден 18.03.2013 година)

[10] Таг е специјален вид на линк. Кога некоја личност ќе биде тагната односно означена се создадава линк на нивнаиот  Τimeline. Покрај во фотограгија може да се означи и личност во објавување на пост (статус)кој истотака се објавува на Τimeline  на корисникот. На пример, можете да таг на слика да се покаже кој е на  сликата. Ако сте одбележани односно тагнати од  пријател во статусно ажурирање, секој кој има пристап до ажурирањето може со еден клик на името на вашиот пријател пристапи  до нивниот Τimeline. Достапно на веб http://www.facebook.com/help/124970597582337/ (пристапено на ден 18.03.2013 година)

[11] Ibid 4

[12] Hypertext Transfer Protocol Secure (https) е комуникациски протокол  кој асе користи за безбедна комуникација низ компјутерска мрежа превземено од http://en.wikipedia.org/wiki/HTTP_Secure (пристапено на ден 18.03.2013 година)

[13] Превземено од http://www.facebook.com/help/214376678584711 (пристапено на 06.06.2013 година)

[14] Превземено од http://breakfastfromparis.com/tag/facebook-deactivation/ (пристапено на 06.06.2013 година)

[15] Превземено од https://securityinabox.org/en/facebook_delete (пристапено на 06.06.2013 година)