Обука на координатори од проектот “ЧАС ПО ПРИВАТНОСТ”

Во периодот од 17-19 април во Струмица, со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, се одржа тридневна обука на 21 координатори од средните училишта на територија на Град Скопје, со цел напредна обука на целната група – професори од средни училишта за подигање на јавната свест за заштита на личните податоци, механизми за превенција и спречување на злоупотреби на лични податоци на социјални мрежи, како и превенирање на ситуации за ширење на говор на омраза.

Ваквата програма за работа беше утврдена како потреба согласно претходно спроведените активности и анализи на проектот, како и на директно барање од координаторите.

Потребата за едукација и пошироко познавање на областите е неопходен чекор кон справување со предизвиците со кои се среќаваат професорите во средните училишта при работа со учениците.

Едукацијата беше насловена како: „Образовни ресурси за заштита на личните податоци и борба против говор на омраза“.

Темите кои беа покриени се во насока на презентација на образовните ресурси кои се на располагање со цел ширење на знаења и нивно понатамошно користење во методолошката работа со учениците, со цел поддршка на целните групи во образованието за едукација на овие теми.

Воедно, координаторите изразија интерес за понатамошно разработување на овие теми на наставните часови и спроведување на активности во соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Дирекцијата за заштита на личните податоци посветува особено внимание на едукација на трите целни групи во воспитно-образовниот процес.

Овој проект е поддржан од Град Скопје, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и Метаморфозис- Фондација за интернет и општество.

Галерија