TRAJNIME

Дирекцијата за заштита на личните податоци во функција на подигање на квалитетот на заштитата на личните податоци во Република Македонија од страна на контролорите и обработувачите на збирки со лични податоци и подигање на јавната свест во целина во рамките на своите надлежности врши и обука на заинтересираните контролори и обработувачи на збирки на лични податоци.

Обуките се реализираат согласно Годишна програма за обуки на контролори на збирки со лични податоци и обработувачи што ја утврдува Дирекцијата за заштита на личните податоци за заинтересираните контролори и обработувачи, се вклучуваат во обуките со пријавување на посебниот образец Барање за обука.

Вашето Барање за обука или прашање поврзано со обуките, може да го доставите на следниот е-маил: obuki@dzlp.mk.

Лице за контакт: Планинка Арсовска Крстиќ, секретар на Комисијата за спроведување на обуки

Контакт: +389 2 3230 635 лок. 0114; planinka.arsovska@dzlp.mk

Темите и датумите за идните обуки се достапни на календарот со настани