Злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи

За бришење на креирани лажни профили до Дирекцијата за заштита на личните податоци потребно е да ги доставите следните документи:

  • Барање за бришење на лажниот профил креиран на Ваше име, со кратка неформална содржина со која ќе опишете во што се состои злоупотребата;
  • Фотокопија од Ваша важечка лична карта или пасош;
  • Согласност; и
  • Линк кој води до спорната содржина.

Како да си ја заштитиме приватноста на Фејсбук? Преземи

Повеќе информации за онлајн злоупотребата на личните податоци може да добете на сервисот DeleteMe.mk